Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба

Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои одлучиле да зачекорат во брачните води токму во овие месеци, погледнете предлог-комбинации на бои за декорирање кои ќе ви остават спомени за паметење.

Румkombinacii-na-boi-koi-se-odlichni-ako-planirate-svadba-vo-mesec-septemvri-01ени_образи_пердувести_веѓи__што_ќе_биде_тренд_кај_шминкањето_оваа_есен_-01.jpg

Многу парови одлучуваат судбоносното „да“ да го изговорат во есенските месеци, пред сè поради тоа што времето не е премногу жешко.

Месец септември го означува и преминот од лето кон есен, а сето тоа ви дава можност да експериментирате со различни бои, притоа комбинирајќи потешки тонови, со нежни нијанси.

Во продолжение погледнете неколку комбинации на бои кои се одлични ако планирате венчавка во месец септември:

Нијанси на виолетово

Посветлите нијанси на виолетова, како лаванда или јоргован, ќе ви создадат одлична заднина за да ги направите незаборавни свадбените моменти.

Подлабоките тонови, пак, како нијанса на слива или модар патлиџан, повеќе би одговарале за крајот на месец септември.

kombinacii-na-boi-koi-se-odlichni-ako-planirate-svadba-vo-mesec-septemvri-02.jpg

Бургунди и портокалова

Во средината или кон крајот на месец септември, листовите почнуваат да ја менуваат својата боја. Па, ако организирате свадба во овој месец, есенската палета на бои со длабоки тонови ќе ви даде одличен изглед.

Бургунди бојата најчесто се поврзува со љубов и страст, што ја прави совршен избор за свадбена прослава.

Од друга страна, портокаловата боја често се поврзува со топлина, пријателство и ентузијазам, а сето тоа ќе го истакнете во таа значајна пригода.

kombinacii-na-boi-koi-se-odlichni-ako-planirate-svadba-vo-mesec-septemvri-03.jpg

Сина, зеленкаста и бела

Ако не сакате некои „потешки“ есенски нијанси, тогаш можеби ова ќе биде вашиот вистински избор. Со оваа комбинација на бои ќе создадете топла и привлечна атмосфера.

kombinacii-na-boi-koi-se-odlichni-ako-planirate-svadba-vo-mesec-septemvri-04.jpg

Темноцрвена, темносина, розова нијанса, крем нијанса и жолта

Оваа комбинација има нагласени есенски нијанси, а рамнотежата ја одржуваат полесните бои кои даваат префинетост на вашиот најзначаен ден.

kombinacii-na-boi-koi-se-odlichni-ako-planirate-svadba-vo-mesec-septemvri-05.jpg

Килибар, смарагд, коњак, боја на лушпа од јајце и црна

Црно-белото е класичен спој што може да се користи во секое време од годината, а со додавање на килибар, коњак и смарагд, на вашиот голем ден ќе му дадете уникатен есенски пресврт.

kombinacii-na-boi-koi-se-odlichni-ako-planirate-svadba-vo-mesec-septemvri-06.jpg

Розова нијанса, портокалово-кафеава нијанса, боја на мандарина, крем нијанса и црна

Со оглед на тоа што септември означува и премин од лето кон есен, со комбинација на понежни тонови со посмели нијанси, ќе го балансирате целиот изглед на вашата венчавка.

kombinacii-na-boi-koi-se-odlichni-ako-planirate-svadba-vo-mesec-septemvri-07.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg