Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен

Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми... Направете одличен есенски бидермаер кој ќе ви остави трајни спомени.

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-01.jpg

Со живописните бои насекаде околу вас, есента е сезона која воопшто не е здодевна за свадбени фотки.

Покрај тоа што есенските нијанси може да ги вметнете во декорациите на вашата свадбена веселба, може да ги комбинирате и во вашиот бидермаер.

Нијанси на портокалово, праска, бела боја, комбинација од свежи и суви цветови, надополнето со трева во повеќе нијанси – изборот е голем.

Погледнете ги следниве идеи за бидермаери за есенска свадба, кои може да ви послужат како инспирација:

Ретро микс

Овој бидермаер главно се состои од рози, а потоа може да го надополните со исушени цветови и трева во различни нијанси.

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-02.jpg

Бидермаер со далии

Овој бидермаер главно се состои од далии, а потоа може да додадете различни стебла или сува трева во различни нијанси.

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-03.jpg

Бидермаер со рози и орхидеи

Нескротлив и многу женствен, овој бидермаер од рози во комбинација со орхидеи ќе ви го одземе здивот. Надополнете по желба со сува трева и ливчиња.

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-04.jpg

Акцент на портокалови нијанси

Овој бидермаер главно е составен од цвеќиња во нијанси на праска и портокалова боја. Контрастот со белиот невестински фустан од чипка изгледа фантастично.

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-05.jpg

Бидермаер со хризантеми

Ставете акцент на хризантемите кои се типично есенско цвеќе и изберете ја нијансата која ви се допаѓа. Потоа надополнете со рози, суви цветови, сува трева…

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-06.jpg

Акцент на суво цвеќе

Изберете суво цвеќе во монохроматски нијанси кои одлично ќе се вклопат во есенската венчавка.

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-07.jpg

Бидермаер со пампас

Ако се одлучите за бохо-венчавка, тогаш дефинитивно не може да поминете без бидермаер со пампас, кој најдобро одговара во комбинација со нежни рози. 

idei-za-zhivopisni-bidermaeri-ako-vashata-svadba-e-vo-esen-08.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg