Денес е чист понеделник – Што не се прави во првите 3 дена од велигденските пости?

Првите 3 дена од постот, уште се нарекуваат и „чисти“ денови или тримери. Што не треба да правите тогаш?

denes-e-chist-ponedelnik-shto-ne-se-pravi-vo-prvite-3-dena-od-veligdenskite-posti-01.jpg

Светата четириесетница или 40-дневниот велигденски пост бил востановен во чест на страдањата и христовото воскресение.

denes-e-chist-ponedelnik-shto-ne-se-pravi-vo-prvite-3-dena-od-veligdenskite-posti-04.jpg

Христијанските верници еден ден по празнувањето на празникот Велики Поклади или Прочка, започнуваат со големиот 40-дневен велигденски пост.

Првиот ден од постот се нарекува уште и чист понеделник.

denes-e-chist-ponedelnik-shto-ne-se-pravi-vo-prvite-3-dena-od-veligdenskite-posti-02_copy_copy.jpg

Според традициите и обичаите, првите три дена од велигденскиот пост уште се нарекуваат и тримери, односно денови во кои не се консумира ниту храна, ниту течност.

Во текот на понеделникот, вторникот и средата, кои уште се нарекуваат и „чисти“ денови правилото е да не се внесува воопшто никаква храна.

denes-e-chist-ponedelnik-shto-ne-se-pravi-vo-prvite-3-dena-od-veligdenskite-posti-03.jpg

За време нa целиот пост во сабота и недела е дозволена употреба на масло, а во останатите денови од седмицата, односно од понеделник до петок не се употребува масло.

Рибата е дозволена да се консумира само на Благовештение (Благовец) и Цветници.

За време на целиот пост освен што се воздржувате од храна, потребно е да се воздржувате и од лоши мисли и дела, а се верува дека освен што постот има позитивно влијание врз духовното, тој влијае позитивно и врз физичкото здравје на христијаните.

Исто така во овој период треба да заборавите на пороците.

denes-e-chist-ponedelnik-shto-ne-se-pravi-vo-prvite-3-dena-od-veligdenskite-posti-05.jpg

Прочитајте и „Го почнав велигденскиот пост за да го поддржам сопругот - од што ми е најтешко да се откажам?“

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Денес се слави светиот Апостол Матеј – Што треба да направите ако имате долгови? Именден слават Матеј, Матеја, Мате... Кој бил светиот апостол Матеј и што треба ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg