Романтична вечера со гитара, црвени рози: Како познатите Македонци го прославија Валентајн?
- Детали
- четврток, 15 февруари 2024
Горан Пандев, Елена Најдоски, Давид Темелков се само дел од познатите Македонци кои не ја кријат љубовта кон своите сакани. На Инстаграм тие објавија љубовни фотографии и открија како го одбележаа Валентајн...
Денот на виното и љубовта многу Македонци го прославија со своите сакани. Си разменија подароци, објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи, си напишаа љубовни пораки...
Елена Најдоски организираше вечера дома со неколку блиски. За уживањето да биде уште поголемо, на гостите им пееше музичар со гитара.
Тамара Тодевска беше на романтична вечера со дечкото Лука Радовиќ, Горан Пандев објави фотографија со сопругата Надица, а љубовна фотка со сопругата објави и пејачот Давид Темелков.