Слаткар ги собра Тони Зен, Тајзи и 2Бона: „CRNOBELO ми беше инспирација за ‘тајната вечера’“ (видео)

„Ние мажите сме малку тешки, заборавени и да не беше CRNOBELO.com, тешко дека ќе се соберевме“ - ни кажа Слаткар, кој поттикнат од анкета на нашиот портал, ги одведе на вечера Тони Зен, Тајзи и 2Бона.

slatkar-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-za-crnobelo-gi-odvede-na-vechera-toni-zen-tajzi-i-2bona-video-01_2.jpg

Марко Маринковиќ Слаткар е човек кој кога ќе вети нешто - не си го погазува зборот.

Неодамна во анкета за CRNOBELO.com, тој ни одговараше на неколку кратки прашања, меѓу кои и: „Кои 3 личности би ги поканил на вечера во твојот дом?

„Тони Зен, 2Бона и Тајзи. 2Бона се двајца, али ќе ги рачунаме ко еден, така што би ги повикал нив на вечера. И не би готвел, туку би нарачал“, кажа тогаш Слаткар.

Поттикнат од анкетата, тој реши да ги собере популарните рапери и да поминат една пријатна вечер заедно, а тоа се случи синоќа (04.11).

Па, така, на една тркалезна маса седнаа Тони, Тајзи, 2Бона и Слаткар.

Дека конечно се собрале, Марко сподели на Инстаграм Стори со кратко видео и порака: „CRNOBELO.com - реков, ветив, исполнив“.

slatkar-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-za-crnobelo-gi-odvede-na-vechera-toni-zen-tajzi-i-2bona-video-05.jpg

По вечерта помината во друштво на своите пријатели, Слаткар накратко ни раскажа за нивната дружба:

„Уште пред некој месец кога излезе видеото со прашањето ‘кого би поканил на вечера’, им се јавив на Тони, Тајзи и на Марио и Антонио од 2Бона и им кажав дека сакам да се подружиме сите и да седнеме на вечера.

Вчера со Тони Зен снимавме нов спот, за песната ‘Жими сè’ и кога размислувавме за сценариото, ми текна дека можеме да се собереме сите, да ја направиме таа вечера за којашто зборувавме и да ги ставиме и дечките во спотот.

Се договаравме едно 2-3 недели и се најдовме понеделнички сите слободни, па се собравме.

slatkar-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-za-crnobelo-gi-odvede-na-vechera-toni-zen-tajzi-i-2bona-video-05_1.jpg

И како што напишав на самото Стори на Инстаграм: „Реков, ветив, исполнив“.

Вие ми бевте инспирација за самата вечера, или што би рекле момците за ‘тајната вечера’.

Немаше ништо тајно, ха, ха, ама беше фино, си поминавме убаво. Беше пријатно, ептен ми се свиѓаше.

slatkar-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-za-crnobelo-gi-odvede-na-vechera-toni-zen-tajzi-i-2bona-video-03_1.jpg

Многу беше убав спојот, кога ќе ги видиш на едно место Тони Зен, кој почнал кариера во 2007-ма, па после сум јас, па Тајзи, па како најмлади 2Бона, кои почнале пред само неколку години.

Многу сум среќен што и денес сум океј со сите битни рапери кои работат од средината на 2000-тите па до денес, што се почитуваме еден со друг.

Поминале многу години, а ти и понатаму си дел од истата свежа приказна - и многу ми е ќеф што е така.

Ама пак да кажам, ние мажите сме малку тешки, заборавени и да не беше CRNOBELO.com, тешко дека ќе се соберевме во овој состав“.

slatkar-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-za-crnobelo-gi-odvede-na-vechera-toni-zen-tajzi-i-2bona-video-03.jpg

Погледнете го видеото:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Наташа Величковска

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg