„Научете ги децата дека не треба да му се смеат на детето кое носи исти чевли секој ден“ - Наставник од Прилеп со моќна порака

„Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека на училиште оди за да УЧИ, НЕ за да се натпреварува“ – вели во својата објава наставникот од Прилеп, Гоце Бумбароски, и уште еднаш ги поттикна родителите да разговараат со своите деца, затоа што воспитувањето започнува од дома.

nauchete-gi-decata-deka-ne-treba-da-mu-se-smeat-na-deteto-koe-nosi-isti-chevli-sekoj-den-nastavnik-od-prilep-so-mokjna-poraka-01.jpg

Наставникот Гоце Бумбароски од прилепското основно училиште „Борка Талески“, пред почетокот на второто полугодие, на својот Фејсбук профил упати моќна порака до сите родители чиишто деца денес (22.01) повторно се вратија во училишните клупи.

Наставникот, кој е познат по тоа што јавно зборува за сите проблеми во образовниот процес и често коментира за начинот на којшто децата денес се однесуваат во училиште, во краток статус на социјалните мрежи, се потруди да им посочи на родителите на кои клучни работи треба да внимаваат и за што треба да разговараат со сопствените деца.

Во продолжение целиот статус на наставникот:

„Утре започнува второто полугодие.

Седнете со вашето дете и објаснете му дека да се биде многу високо, ниско, дебело, слабо не е причина за смеење…

Или дали ученикот носи очила или исти чевли секој ден.

Објаснете му на вашето дете дека стариот ранец ги носи истите соништа како и новиот.

Ве молам научете го вашето дете да не исклучува никого затоа што е сиромашен или 'различен'.

Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека на училиште оди за да УЧИ, НЕ за да се натпреварува.

Сите имаме еднаква вредност.

Воспитувањето започнува од дома!“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Мартија наполни 21 година: Се бакнува со дечкото, прослави и со семејството и со пријателите Мартија наполни 21 година и во еден ден двапати славеше роденден со своите најбл...
Гоце Тодоровски и сопругата Тања прославија роденден во ист ден: „Заедно и во добро и во лошо“ „Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг, речиси целиот жив...
„Родители внимавајте“: Нов опасен ТикТок предизвик во Македонија и регионот – деца завршија во болни... Предизвикот познат како „Супермен“ се прослави и кај нас, а веќе десетина деца с...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg