Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Гоце Тодоровски и сопругата Тања прославија роденден во ист ден: „Заедно и во добро и во лошо“

„Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг, речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка“, стои во објавата на Фејсбук.

goce-todorovski-i-soprugata-tanja-proslavija-rodenden-vo-ist-den-zaedno-i-vo-dobro-i-vo-losho-01.jpg

Гоце Тодоровски, еден од доајените на македонското глумиште, наполни 73 години, а на истиот ден, неговата сопруга Тања го прослави својот 69-ти роденден.

Иако Гоце не споделува скоро ништо за својот приватен живот преку социјалните мрежи, на фан страницата „Ѓорѓи Колозов“ на Фејсбук, беа објавени неколку фотки од роденденот на актерот и неговата сопруга, кои привлекоа големо внимание.

goce-todorovski-i-soprugata-tanja-proslavija-rodenden-vo-ist-den-zaedno-i-vo-dobro-i-vo-losho-03.jpg

„Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг, речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.

На 30.4.2024 нашата легенда Гоце наполни 73 години, а неговата сопруга 69 години. Заедно и во добро и во лошо. Па и на овој ден, скромно, но идилично во кругот на семејството!

goce-todorovski-i-soprugata-tanja-proslavija-rodenden-vo-ist-den-zaedno-i-vo-dobro-i-vo-losho-02.jpg

Денес на гости им отидоа ќерката и зетот Боби.

Фотографиите ми ги испрати Сашенка.

goce-todorovski-i-soprugata-tanja-proslavija-rodenden-vo-ist-den-zaedno-i-vo-dobro-i-vo-losho-04.jpg

А јас на овие шармантни и убави луѓе им посакувам заедно да влезат во уште многу подлабока старост, со насмеани лица и весели души како што доликува на нашиот македонски актерски доајен Гоце кој цел живот слатко не засмеваше преку малите екрани“, напиша админот на страницата, Горан Марковски.

goce-todorovski-i-soprugata-tanja-proslavija-rodenden-vo-ist-den-zaedno-i-vo-dobro-i-vo-losho-05.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“ „Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, н...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...
„Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага“ „В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца! Во глуво доба од Кочани,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg