Илина Арсова објави фотки од снегот во Ноксвил, САД: „Ме потсеќа на детството во Скопје“

„Некогаш Скопје беше прекриен со снег, а небото беше чисто и во зима“... Илина Арсова објави неколку фотографии од градот во САД каде што живее сега и емотивно се присети на деството во Скопје, каде што израсна.

ilina-arsova-objavi-fotki-od-snegot-vo-gradot-kade-shto-zhivee-me-potsekja-na-detstvoto-vo-skopje-01.jpg

Додека многумина се носталгични за некогашните големи снегови во Македонија, во зимските периоди, нашата уметница и алпинистка Илина Арсова објави повеќе фотки од САД, за да нè потсети како во минатото изгледаа македонските градови во зимските месеци.

ilina-arsova-objavi-fotki-od-snegot-vo-gradot-kade-shto-zhivee-me-potsekja-na-detstvoto-vo-skopje-02.jpg

Познато е дека Илина Арсова во последната година престојува во САД, каде е на докторски студии и каде доби стипендија, а на социјалните мрежи редовно споделува фотографии од животот таму и од нејзиното секојдневие.

ilina-arsova-objavi-fotki-od-snegot-vo-gradot-kade-shto-zhivee-me-potsekja-na-detstvoto-vo-skopje-03.jpg

Илина во моментов предава на Универзитетот во Тенеси, а претходно во интервју за CRNOBELO.com таа рече дека климата во гратчето Ноксвил навистина ѝ се допаѓа и ја потсетува на дома.

ilina-arsova-objavi-fotki-od-snegot-vo-gradot-kade-shto-zhivee-me-potsekja-na-detstvoto-vo-skopje-04.jpg

Деновиве таа објави неколку фотографии од градот кој е прекриен со снег, па повторно го спореди со зимите што некогаш ги имавме во Македонија и во Скопје.

„Зима во Роки Топ. Јеј! Овој пејзаж прекриен со снег не е типичен за Тенеси. Преубав е и ме потсетува на зимите во Скопје, кога бев дете.

ilina-arsova-objavi-fotki-od-snegot-vo-gradot-kade-shto-zhivee-me-potsekja-na-detstvoto-vo-skopje-07.jpg

Град прекриен со снег, забавни детски игри со лизгање во парковите и во малите локални игралишта што повеќе не постојат и чистите неба што во минатото беа дел од скопскиот пејзаж дури и во зима.

За жал, повеќе Скопје нема чисто небо. Треба ли да сториме нешто дури не е предоцна?“ – порача Илина.

ilina-arsova-objavi-fotki-od-snegot-vo-gradot-kade-shto-zhivee-me-potsekja-na-detstvoto-vo-skopje-05.jpg

Инаку, Илина неодамна ја промовираше својата сликовница „Највисокиот врв“, а често објавува фотки од нејзините патувања и нови уметнички дела.

Погледнете дел од нив во продолжение:

Прочитајте и Илина Арсова за животот во САД и докторските студии: „Го живеам својот сон, но едвај чекам да се вратам во Македонија“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илина Арсова по бикини и во топ форма, среде декември влезе во Охридското Езеро (видео) „Добро утро Македонијо, декемвриско - кратко, ама слатко освежување“ - напиша на...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg