Роберт Билбилов и Лејла Рамковски заљубени во Ница, уживаат пред Јуниорски Евросонг 2023
- Детали
- вторник, 21 ноември 2023
Откако признаа дека се во врска, Роберт Билбилов и Лејла Рамковски не ја кријат љубовта и често објавуваат заеднички фотки и видеа, а сега покажаа како се забавуваат во Ница, каде што на 26.11 ќе се одржува Јуниорски Евросонг - Роберт е еден од авторите на македонската песната.
Пејачот и композитор Роберт Билбилов е во Ница, Франција, каде што во недела (26.11) ќе се одржува Јуниорски Евросонг 2023. Тој, заедно со Дарко Димитров и Коста Петров, е автор на македонската песна „Кажи ми, кажи кој“.
Друштво во Ница му прави неговата девојка Лејла Рамковска, со која е во врска неколку месеци.
https://www.instagram.com/p/Cz4LmwXraZ8/
Тие објавија фотографии на Инстаграм како се шетаат низ градот, возат велосипеди, од посетата на замокот во Ница и уживаат во убавините на француската ривиера, а не кријат ни дека се заљубени.
„Прв ден во Ница“, стои на фотките, каде што открија дел од атмосферата во градот.
Откако јавно кажаа дека се во врска, Роберт и Лејла не ја кријат љубовта и често објавуваат заеднички фотки и видеа, на кои делуваат среќни и заљубени.
Инаку, ова не е првпат Билбилов со своја песна да биде дел од Евровизија.
Тој беше еден од авторите на песната Proud на Тамара Тодевска, а го правеше и аранжманот за Autumn Leaves, со која Даниел Кајмакоски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена.
На Јуниорскиот Евросонг оваа година ќе нè претставува Тамара Грујевска, која беше избрана како македонски претставник на аудиција.
Песната, која е моќна балада, таа ја пее на македонски и англиски јазик, и засега има многу позитивни реакции од публиката од цела Европа.
Прочитајте и Македонија со моќна балада на Јуниор Евровизија 2023 – објавен спотот за песната на Тамара Грујевска (видео)
А. Ј. | Црнобело