Благој од Кочани ја запроси саканата Вероника на Малдиви - Романтика на плажа покрај Индискиот Океан
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
„Бевме на одмор на Малдиви кога Благој ме побара за сопруга. Иако сме заедно веќе 6 години, во моментот кога клекна на колена ме изненади, не очекував дека ќе ме запроси токму тогаш“, вели Вероника од Штип за CRNOBELO.com за изненадувањето што ѝ го подготвил нејзиниот иден сопруг.
Вероника Трајковска (24) од Штип и Благој Ангелов (26) од Кочани, се свршија на Малдиви.
Покрај плажа, со поглед на Индискиот Океан, Благој клекнал на едно колено и ја побарал саканата Вероника за сопруга.
Вероника вели дека во тој момент навистина не очекувала нејзиниот сакан да ја запроси и била премногу изненадена и среќна.
За CRNOBELO.com таа ни ја раскажа нивната љубовна приказна и сподели детали за волшебното запросување:
„Со Благој се запознавме во Скопје, двајцата бевме отидени за да се запишеме на студии на Универзитетот Шефилд во Солун. Јас сега работам финансии и сметководство, а тој работи менаџер во транспорт.
Заедно сме веќе 6 години и сме разговарале за брак. Бевме на одмор на Малдиви кога се случи тоа.
Но, во моментот кога ме клекна на колена ме изненади, не очекував дека ќе ме запроси токму тогаш.
Благој осмислил сè, а според неговата идеја, вработените во одморалиштето преубаво организирале и подготвиле сè.
Тој клекна на колено и ме побара за сопруга.
Потоа ми кажа дека немал трема при запросувањето.
Прстенот, кој го избрал сам, ми е точен, бидејќи тој земал димензии од друг мој прстен што го имам дома.
Радосната вест прво им ја соопштивме на нашите родители, а тие беа пресреќни.
Инаку, сè уште немаме конкретни планови за свадбата, бидејќи не се брзаме“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
A. J. | Црнобело