Македонски фотограф направи фотосесија на една од најубавите жени во светот, Мадaлина Генеа: „Се запрепастив кога дознав која е“
- Детали
- петок, 29 септември 2023
„Јас не ја ни познав од прва, и дури откако сликавме, ме праша за контакт, и кога ми го впиша Инстаграмот, останав збунет, дури тогаш се освестив која е“ – вели Стефан Соколовски, македонскиот фотограф попознат како Badstef кој неодамна имаше можност да ја фотографира убавата италијанска манекенка Мадалина Генеа.
Македонскиот фотограф Стефан Соколовски, попознат како Badstef неодамна ја имаше честа да ја фотографира eдна од најубавите жени на светот - италијанската манекенка со романско потекло Мадалина Генеа, која играше и во филмот House of Gucci.
Тој на својот Инстаграм профил објави дел од фотографиите што ги изработил за кампањата на Philipp Plein каде заштитно лице беше убавата манекенка која неодоливо потсетува на Софија Лорен.
Стефан даде ексклузивна изјава за CRNOBELO.com во која зборуваше за тоа какво било искуството да се работи со Мадaлина, која важи за една од најубавите манекенки во светот:
„Eден ден пред официјалната ревија на Philipp Plein во Милано на Модната недела ми јавија дека ќе бидам главен фотограф за бекстејџ кампања и за каталог за нивни клиенти.
Ми најавија дека ќе имам можност да фотографирам познати модели во бекстејџ и самиот Филип ми кажа, ама не знаев дека и таа ќе биде таму“ – вели тој.
Верувале или не, Стефан дури признава дека додека ја фотографирал убавата Маделина, воопшто не знаел за кого се работи и дека има можност да соработува со една од најубавите жени во светот.
„Јас не ја ни познав од прва, и дури откако сликавме, ме праша за контакт, и кога ми го впиша Инстаграмот, останав запрепастен, дури тогаш се освестив која е“ – вели тој.
Инаку, Стефан вели дека Мадалина е нереална и преубава во живо, па воопшто и нема некоја мана во изгледот.
Како што раскажува, за време на фотосесијата имала толку магични движења и знаела како да позира што просто сите гледале во нив во бекстејџот додека ја фотографирал.
Стефан доби голем број пофалби и од домашните ѕвезди, кои се горди на тоа што имале чест тој да ги фотографира во одреден дел од нивната кариера.
Миа Костова, на Инстаграм Стори објави нејзина фотографија направена од Стефан, до која напиша:
„Многу пред да го украдат ѕвезди, ме сликаше и мене.“
Елена Најдоски, попозната како Елена Живот со стил исто така објави фотографија на Инстаграм Стори, на која напиша:
„Во меѓувреме, да си го поздравам другар ми BadStef кој деновиве беше во друштво на Мадалина Генеа.“
Прочитајте и Го нарече Ди Каприо лош љубовник – Која е девојката што ги привлече сите погледи со мокриот, провиден фустан?
Погледнете уште неколку фотографии од Мадалина во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CxTV4RtrpRZ/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CxgM_0_rzBB/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CstKzhfoXJZ/?hl=en
Б. С. Б. | Црнобело