Горди сме! Македонец освои награда за Најдобар интернационален музичар во Либан

Значајното признание на виолинистот Петар Маркоски му беше врачено во Casino du Liban. Откако ја прими наградата, Петар настапи пред гостите и добитниците на останатите награди, па доби силен аплауз.

makedonskiot-violinist-petar-markoski-izbran-za-najdobar-internacionalen-muzichar-vo-liban-01.jpg

Виолинистот и пејач Петар Маркоски е избран за Најдобар интернационален музичар, на Murex D’or, меѓународна церемонија за доделување награди која се одржува во Либан од 2000-тата година.

Значајното признание на Петар му беше врачено на 17 септември во Casino du Liban. Откако ја прими наградата, Петар настапи пред гостите и добитниците на останатите награди, па доби силен аплауз.

petar-markoski-06.jpg

Тој на својот Инстаграм објави неколку фотографии од свечената церемонија, па се заблагодари на поддршката и љубовта што ја добива за својата работа.

„Ви благодарам Murex D’or за оваа неверојатна награда. Но, благодарност до сите од цел свет за неизмерната љубов и поддршка, немаше да успеам без вас. Ве сакам“, напиша тој.

petar-markoski-05.jpg

Петар, кој има преку 1.3 милиони следбеници на Инстаграм се прослави со видеата на кои на својата виолина свири преработки на познати светски хитови, но и класични дела.

petar-markoski-09.jpg

Инаку, Murex D’or е церемонија за доделување награди која датира од 2000-тата година.

petar-markoski-08.jpg

Иако на почетокот била фокусирана на либанските артисти од различни области, низ годините организаторите го прошириле својот фокус, па ги вклучиле и артистите од целиот арапски свет, но и музичари од други региони во светот.

petar-markoski-03.jpg

petar-markoski-02.jpg

petar-markoski-07.jpg

Прочитајте и На гондола во Венеција, во шума: Запознајте го македонскиот Хаусер - дечко од Охрид свири на виолина на разни локации

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диџеј Мац доби син - со сопругата му дадоа име со силно значење Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во у...
20-годишниот кошаркар Петар Ивановски меѓу трагично загинатите во Кочани „Аххх, аххх наш Петар - голем човек со големо срце, беше голем борец“ - пиш...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Се слават светите апостоли Петар и Павле: Зошто овој празник е значаен за Македонците? На 12-ти и 13-ти јули секоја година правоаславните христијани ги слават празници...
Ирина Камилоска во 42-ра недела од бременоста се качува на Водно: „Ако добијам болки ќе му се јавам ... „Со Јосиф имав природно породување, се надевам дека ќе биде исто и сега. Пр...
Ирина и Павле Камилоски добија ќерка, една и пол година по раѓањето на синот Ирина се породи денес на Државната клиника во Скопје, а ќерката ја роди во 42-та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg