Се слават светите апостоли Петар и Павле: Зошто овој празник е значаен за Македонците?

На 12-ти и 13-ти јули секоја година правоаславните христијани ги слават празниците посветени на светите апостоли свети Петар и Павле. Се верува дека свети Петар ги чува клучевите од рајот, а свети Павле е особено важен за нас Македонците.

se-slavat-svetite-apostoli-petar-i-pavle-zoshto-ovoj-praznik-e-znachaen-za-makedoncite-01.jpg

Според народните верувања овие двајца апостоли биле браќа или побратими, па затоа нивните празници се слават едноподруго.

12-ти јули – Петровден

На 12-ти јули се слави празникот Свети апостоли Петар и Павле, во народот попознат како „Петровден“.

Петровден е еден од најголемите христијански празници по Велигден, а му претходи повеќедневен пост. Петровденскиот пост секоја година е со различно траење, затоа што започнува на празникот Духовден, кој, пак секогаш е 50 дена по Велигден.

На Петровден, христијанските верници кои постеле во изминатиот период се причестуваат, а кај нас постојат голем број обичаи и традиции поврзани токму со овој празник.

Во Галичник, на овој празник традиционално се одржува манифестацијата „Галичка свадба“, што е позната и како „Петровденска галичка свадба“.

se-slavat-svetite-apostoli-petar-i-pavle-zoshto-ovoj-praznik-e-znachaen-za-makedoncite-02.jpg

Традицијата останала со години затоа што токму во овој период во минатото, печалбарите се враќале во родниот крај и тогаш се правеле свадбите.

Во гевгелиско на овој ден за јадење правеле4 млечник за да бидат благи како млекото во цела година, а во Скопска Црна Гора се верувало дека ако се омрсите за петровденските пости ќе скраставите.

Според Библијата, Свети Петар бил рибар и прво се викал Симон, но Господ решил да го нарекува Кифа или Петар, а тој бил првиот ученик на Христос што јасно ја изразил верата во Господ.

Кога го извеле Христос пред суд, Петар трипати се откажал од него, но со само еден поглед на лицето на Исус се исполнил со срам и покајание.

По слегувањето на Светиот Дух, Петар станал бестрашен и силен проповедник на Евангелието.

Верниците веруваат дека Свети Петар го чува столбот на кој се Земјата, небесната слама (Млечниот пат) и небесниот крст, а се верува дека тој ги чува клучевите од рајот, па затоа најчесто на иконите е претставен со нив во рака.

На овој ден не треба да се вршат тешки физички работи, земјоделците се воздржуваат од работа на поле, а сите верници потребно е да се воздржуваат и од тешки физички работи во домот.

На денешен ден именден слават оние што го носат името Петар, Петре и Петра.

se-slavat-svetite-apostoli-petar-i-pavle-zoshto-ovoj-praznik-e-znachaen-za-makedoncite-03.jpg

13-ти јули – Павловден

На 13-ти јули се слави празникот Собор на 12-те апостоли, а во народот е познат и како Павловден. Овој ден е посветен за празнување на сите 12 христови апостоли, а посебно и на 13-тиот апостол Павле.

Се верува дека Павле пораснал во Ерусалим, а бил еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, па тој дури и го одобрил погубувањето на Свети Стефан.

Според библиските записи, Павле на пат кон Дамаск видел необична светлина од која ослепил и го слушнал Господ на небото кој му рекол:

„Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш …“

se-slavat-svetite-apostoli-petar-i-pavle-zoshto-ovoj-praznik-e-znachaen-za-makedoncite-04.jpg

Се верува дека по овој настан тој се свртел кон христијанството.

Овој апостол е мошне значаен за Македонците, затоа што се верува дека своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија, од каде почнал да го шири христијанството.

Според некои верувања апостолите Петар и Павле биле браќа или побратими, па затоа нивните празници се слават еден по друг.

Исто како и на Петровден, се верува дека на Павловден не треба да се извршуваат тешки работи, а во некои краишта се верувало дека овој светец треба да се празнува за да ги заштити посевите од гард.

На 13-ти јули именден слават Павле, Пајо, Павлина.

se-slavat-svetite-apostoli-petar-i-pavle-zoshto-ovoj-praznik-e-znachaen-za-makedoncite-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Со љубовно писмо, Петар ја запроси саканата Верица на Св. Јован Канео во Охрид „Петар ми пишува преубави писма, па кога седнавме спроти Св. Јован Канео, извади...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Павле Камилоски, Никола Ристановски: Кои Македонци би можеле да го глумат Џејмс Бонд? Направивме листа од 7 наши мажи од различни области (не само актери) за кои веру...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg