Прво е Задушница, а потоа Духовден – Што не треба да правите на овие два дена?

На гробишта се оди во сабота, но не и во недела. Свештениците препорачуваат на Задушница да не се носат големи количества храна на гробовите, а на Духовден да се оди во црква. Кои се обичаите и верувањата за двата празника кои многу често се мешаат кај народот.

prvo-e-zadushnica-a-potoa-duhovden-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovie-dva-dena-01.jpg

Задушница и Духовден се два големи христијански празници, кои се слават овој викенд.

Празникот Духовден секогаш се слави 10 дена по Спасовден, а 50 дена по Велигден, а пред него православните христијани го одбележуваат празникот Задушница.

Со оглед на тоа што овие празници се еден по друг, честопати има мешање на двата празника иако тие немаат никаква поврзаност.

Што е Задушница?

Празникот Задушница се врзува со молитвата за упокоените христијани и најчесто се одбележува во петок и сабота.

Вообичаено за Задушница во црквата се служи парастос, а по службата верниците се упатуваат на гробовите на најблиските, палат свеќа, читаат молитва и принесуваат жртва за спасение на починатите (леб, пченица и вино).

Свештеникот кажува посебна молитва која се нарекува и Трисагија во чест на починатите.

prvo-e-zadushnica-a-potoa-duhovden-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovie-dva-dena-04.jpg

Свештениците веќе со години наназад апелираат дека смислата на овој ден е молитвата и дека на гробишта е доволно да се отиде само со варена пченица, вино и леб, но во поголемиот број македонски градови сѐ уште широко е застапена традицијата да се раздаваат големи количества храна и да се остава храна на гробовите.

Според народните обичаи и верувања, во петок се оди на гробишта каде се посетуваат почнатите членови на семејството и се носат посни продукти за раздавање „за да им се најдат“ на блиските.

Во некои населени места сѐ уште постои традицијата ноќта да се помине на гробишта.

Исто така, во некои краишта постои обичајот освен храна, на овој ден да се раздаваат керамички садови.

Често се верува дека обичаите за вакво масивно раздавање храна влечат корени од паганските обичаи во претхристијанското доба, кога се верувало дека храната дадена на овој свет ќе му се најде на починатиот на оној свет.

Свештениците со години наназад апелираат дека храната не треба да се носи и да се остава на гробовите, туку да се донира на социјално загрозените семејства и во народните кујни.

prvo-e-zadushnica-a-potoa-duhovden-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovie-dva-dena-03.jpg

Духовден – роденден на Црквата

Празникот Духовден секогаш се слави 3 дена, при што првиот ден секогаш се паѓа во недела. Овој празник во народот е познат и како Света Тројца, затоа што се верува дека на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух.

Исто така, црковно се нарекува и Педесетница, затоа што секоја година се слави точно 50 дена по Велигден.

Во христијанска смисла, на овој ден се слави симнувањето на Светиот Дух на земјата, односно со одобрение на Богот Татко било исполнето ветувањето што Богот син (Исус Христос) им го дал на апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух, и со ова започнало ширењето на христијанската вера и религија во целиот свет.

prvo-e-zadushnica-a-potoa-duhovden-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovie-dva-dena-02.jpg

Од тие причини, Духовден се смета за симболичен роденден на црквата и на христијанското учење.

На овој ден, според свештениците, православните христијани треба да одат во храмовите, а не на гробиштата.

Со оглед на тоа што се смета за голем христијански празник, во голем број населени места постои обичајот за воздржување од тешки, физички работи и денот да се посвети на молитва.

prvo-e-zadushnica-a-potoa-duhovden-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovie-dva-dena-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“ „Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg