Каролина Гочева со мајка ѝ, Катарина Ивановска и Зоки Бејбе во впечатливи аутфити на отворањето на изложбата на Михаил Корубин
- Детали
- вторник, 27 јуни 2023
Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска, шминкерот Александар Дадар, познатиот диџеј Зоки Бејбе, но и многу јавни личности, уметници, дипломати и пријатели дојдоа на отворањето на изложбата на Михаил Корубин. Зоки Бејбе имаше маичка со дело од Корубин, Каролина никогаш потренди, а Катарина никогаш посекси...
Македонскиот уметник Михаил Корубин вчеравечер (26.06) во „Чифте амам“ ја отвори својата нова самостојна изложба „Визуелна артикулација“.
Изложбата е дел од овогодинешното издание на „Скопско лето“, а ќе трае до 10 јули 2023.
Фото: Инстаграм
На отворањето му дојдоа сите – пријатели, почитувачи на неговата работа, јавни личности, уметници, дипломати.
Фото: Инстаграм
Меѓу гостите беа и моделот Катарина Ивановска, шминкерот Александар Дадар, познатиот диџеј Зоки Бејбе, пејачката Тамара Тодевска и многу други.
Фото: Инстаграм
Покрај Михаил, кој беше ѕвезда на вечерта, најголемо внимание привлече неговата сопруга Каролина Гочева.
Таа не криеше колку е горда на успехот на својот сопруг, па на Инстаграм Стори објави дел од атмосферата на отворањето, но и фотографија со својата мајка, која дојде да го поддржи Михаил.
Фото: Инстаграм
На отворањето на изложбата, Каролина дојде облечена минималистички, но со многу стил – фармерки, бела кошула, мала впечатлива чанта и розови салонки.
Подеднакво внимание со изгледот привлече и Зоки Бејбе, кој е долгогодишен пријател на парот, а кој носеше маичка на која беше испринтана едно од делата на Михаил.
Фото: Инстаграм
Михаил, пак, цела вечер се поздравуваше со гостите и одговараше на прашањата поврзани со сликите и артокените кои беа изложени во „Чифте амам“.
Погледнете дел од атмосферата на отворањето:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
А. Ј. | Црнобело