Александра Шијакоска сподели видео од романтичното запросување: На зајдисонце во Солун саканиот ја побара за сопруга
- Детали
- сабота, 20 мај 2023
„Јас го избрав него уште пред 12 години, сега само има нова титула – свршеник. Со вас ги споделував сите тешки моменти па сакав да го споделам и најсреќниот момент“ – напиша нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска на Инстаграм и сподели видео од романтичното запросување што го добила во Солун.
Нашата позната инфлуенсерка Александра Шијакоска на Инстаграм сподели видео од романтичното запросување што ѝ го приредил нејзиниот сакан Едмонд.
Како што може да се види од видеото, парот бил во Солун, а нејзиниот партнер совршениот миг на зајдисонце го направил незаборавен така што ја изненади со свршенички прстен.
„Благословена од Бога, разгалена од мојот свршеник. Заштитена и од двајцата“ – напиша таа до видеото.
Инаку, на Инстаграм Стори Александра сподели дека претходно биле на преглед кај нејзиниот лекар во Солун, по минатогодишната операција од тумор на мозокот, а овојпат Едмонд одлучил да ѝ исполни една нејзина долгогодишна желба и да ја однесе на Луна парк.
Освен што го посети местото што долго време сакала да го види, Александра на зајдисонце доби и свршенички прстен.
„Јас го избрав него уште пред 12 години, сега само има нова титула – свршеник. Со вас ги споделував сите тешки моменти па сакав да го споделам и најсреќниот момент. После дождот секогаш доаѓа сонце“ – напиша таа на Инстаграм Стори.
Прочитајте и Александра Шијакоска со емотивен говор: „Едмонд наградава е за тебе затоа што 10 месеци од животот помина со мене во болница“
Погледнете го видеото од запросувањето:
==
Б. С. Б. | Црнобело