Романтично запросување на Македонка во замокот Шенбрун во Виена, со ливчиња од рози и балони (фото)

„Движејќи се сѐ поблизу до нашите пријатели, од далечината забележав разлетани ливчиња рози, романтична музика, балони и мојот партнер кој стоеше чекајќи ме со свеж букет во рацете. Во тој момент, кога го постави прашањето, без двоумење го изговорив најгласното да“, вели Цветанка Стефанова за CRNOBELO.com.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-01.jpg

Цветанка Стефанова и Слободан Прочков се свршија пред еден месец во замокот Шенбрун во Виена, по 4 години врска.

Цветанка е апсолвент на Институтот за филозофија и во моментов го подготвува дипломскиот труд, а Слободан е дипломиран визуелен уметник.

За CRNOBELO.com, Цветанка раскажа за романтичното изненадување што ѝ го подготвил Слободан заедно со нивните пријатели:

„Сѐ се случи на 7-ми април, кога со Слободан бевме на посета кај нашите пријатели кои долго време живеат во Австрија. Заедно со мојот сакан, тие успеале вешто да направат план во рок од три дена.

На Слободан, кој е визуелен уметник, креативноста и романтиката му се јака страна.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-05_copy_copy.jpg

Јас и мојот партнер споделуваме пријателство од 10 години, а имаме врска скоро 4 години. Нормално, претчувствував дека тој ден имаше трема, но си помислив дека тоа веројатно е од умор или jet lag

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-08.jpg

Кога ги истражувавме убавините на палатата Шенбрун, дел од моите пријатели ме насочија кон местото за фотографирање, а другиот дел од нив скршнаа на другата страна од палатата, без да знам дека тие веќе почнале да го спремаат изненадувањето.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-02.jpg

Движејќи се сѐ поблизу до нашите пријатели, од далечината забележав разлетани ливчиња рози, романтична музика, балони и мојот партнер кој стоеше чекајќи ме со свеж букет во рацете.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-15.jpg

Во тој момент, кога тој го постави прашањето, без двоумење го изговорив најгласното да. 

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-03.jpg

Изборот на мојот партнер за оваа дестинација беше поради прекрасната глетка, но воедно и интересните историски факти коишто ја потврдуваат убавината и уникатноста на оваа палата“.

Повеќе фотки од романтичното запросување:

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-06.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-07.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-09.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-11.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-12.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-zamokot-shonbrun-vo-viena-so-latici-rozi-i-romantichna-muzika-13.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Романтична вечера со гитара, црвени рози: Како познатите Македонци го прославија Валентајн? Горан Пандев, Елена Најдоски, Давид Темелков се само дел од познатите Македонци ...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg