Романтично запросување на Македонка во најпознатата градина на лалињата „Keukenhof“ во Амстердам (фото)
- Детали
- понеделник, 03 април 2023
Најпознатиот цветен рај на светот беше местото каде Мики (38) ја запроси својата сакана Валентина (32), на ден пред нејзиниот роденден, кој е токму денес (03.04).
Валентина (32) од Неготино беше запросена од нејзиниот сакан Мики (38), исто така од Неготино, за време на нивното патување во Холандија, каде сè уште се.
По 2 години врска, Мики ја запроси Валентина во најпознатата градина на лалињата „Keukenhof“, која се наоѓа во Амстердам, но во која има и низа други прекрасни видови на цвеќе.
Валентина вчеравечер (02.04), на денот на запросувањето, за CRNOBELO.com изјави:
„Патувањето во Холандија беше моја желба за мојот роденден, но навистина не очекував дека Мики токму тука ќе ме запроси.
Сепак, пресреќна сум, не можеше да избере посовршено место од овој прекрасен парк на лалињата“.
Прочитајте и Рајот на лалињата се наоѓа во градината „Keukenhof“ во Холандија (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело