Рано утрово (06.02.2022), силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала погоди дел од Турција во кој според првичните информации животите ги загубија стотици граѓани, а неколку илјади се повредени. На социјалните мрежи се споделуваат вознемирувачки видеа, а бројот на загинати од час во час расте. Според последните информации бројката на загинати се искачи на 912 лица.