Зрак надеж во очајот во Турција: Спасени мајка и бебе старо 10 дена, извадено момче од подрум на срушена зграда
- Детали
- петок, 10 февруари 2023
Мајка и бебе старо 10 дена беа извлечени од под урнатините во Хатај, а 17-годишниот Аднан 5 дена бил заробен во подрумот од својата зграда и чекал да дојде помош. По 5 дена момчето успеа само да излезе од под урнатините. Видеа од Турција што се доказ дека чуда се случуваат.
Очај, безнадежност и страв владеат низ Турција додека луѓето трагаат по своите најблиски што останале заглавени под урнатините во катастрофалниот земјотрес што се случи во понеделникот.
Спасувачите и по 5 дена успеваат да извлечат преживеани што ја враќа надежта кај оние што сѐ уште очекуваат да добијат информации за своите најблиски.
По катастрофалниот земјотрес што ги зафати Турција и Сирија во понеделникот (06.02) драстично расте бројот на загинати под урнатините.
Според последните информации во турските медиуми (10.02. во 8 часот) бројот на загинати се искачи на 18.342 лица во Турција.
Но истовремено, постојано се споделуваат видеа од луѓе што се спасени и покрај тоа што поминаа повеќе од 90 часа од катастрофалната несреќа, што ја враќа надежта кај најблиските дека сѐ уште има преживеани.
Пет дена по катастрофалниот земјотрес, спасувачите од под урнатините во Турција, сѐ уште извлекуваат преживеани.
Вчера (09.02) во Хатај, каде што штетите се огромни, спасувачите успеаја да извлечат новороденче старо 10 дена кое заедно со неговата мајка поминале 90 часа под урнатините. Бебето и мајката се пренесени во болница.
Во Газијантеп 17-годишниот Аднан Мухамет Коркут излезе жив од под урнатините на 5-катницата каде што беше заробен цели 94 часа.
Турските медиуми пишуваат дека, неговиот татко со денови не сакал да си замине од местото на урнатините во надеж дека неговиот син ќе биде најден жив.
Аднан цели 5 дена бил заробен во подрумот на зградата и чекал да стигне помош, дури и сам се обидел да се премести за да им помогне на спасувачите да го слушнат како бара помош.
Gaziantep'te Adnan Muhammed Korkut mucizesi! 5 gün boyunca idrarını içti, enkaz altında 5 vakit namaz kıldı pic.twitter.com/bGc8VKJeEj
— Mynet (@mynet) February 10, 2023
За среќа целото семејство на Аднан преживеало во земјотресот, а прво нешто што побарал е да го спасат и неговото куче кое останало заробено.
По повеќе од 101 час од земјотресот, во Дијабакир биле спасени една жена и нејзиниот 9 годишен син.
Kahramanmaraş merkezli depremlerin vurduğu Diyarbakır’ın Bağlar ilçesinde yıkılan Hisami Apartmanı’nda arama-kurtarma ekipleri Sabahat Varlı (32) ile oğlu 9 yaşındaki Serhat Varlı’yı 5’inci günde, 101’inci saatte sağ çıkardı.
— Demirören Haber Ajansı (@dhainternet) February 10, 2023
Земјотресот во Турција се случи во понеделникот и беше со јачина од 7.8 степени според Рихтеровата скала, а по ова следувааа уште неколку силни потреси. Се смета дека ова е седма по ред најголема природна несреќа во последните 100 години.
Прочитајте и Потресна исповед на валандовчанка за CRNOBELO.com: „Во Турција е траорно, погина целото семејство на моја колешка“
Б. С. Б. | Црнобело