Сака да стане татко, но не ја нашол вистинската, мрази кога го прогонуваат омажени жени – Зошто MC Стојан ги крие девојките?
- Детали
- сабота, 04 февруари 2023
„Сум добил безброј пораки од омажени жени, поранешна девојка ме удри со далечински управувач затоа што ѝ раскинав“ – српскиот музичар MC Stojan ги краде воздишките кај девојките, а самиот признава дека е очаен да стане татко, но сѐ уште ја бара вистинската девојка за тоа.
MC Стојан е познат по големиот број дуети со познатите српски пејачки, како и по неговите самостојни хитови, а вели дека неговата музика најчесто е инспирирана од смешните ситуации што му се случувале со жените.
Марко Стојковиќ е српски рапер кој на публиката ѝ е попознат како MC Стојан. Роден е во Лучани во Србија во 1982-ра година, а интересен податок е дека се родил како најтешко бебе со 5,2kg.
Кога бил во седмо одделение напишал химна за своето одделение насловена „VII 2 je mafija“ и уште тогаш бил сигурен дека сака да се занимава со музика. Средното образование го завршил во родното место, а по средното образование се преселил во Белград за да студира на Економскиот факултет.
Во 2005-та година станува познат откако ја објавил првата песна „Bičuj me, Stojane“, а потоа следеле уште голем број други хитови, заради кои тој ќе стане еден од српските музичари со најголем број настапи и гостувања во дијаспората.