Сака да стане татко, но не ја нашол вистинската, мрази кога го прогонуваат омажени жени – Зошто MC Стојан ги крие девојките?
И покрај тоа што важи за еден од најпосакуваните мажи на српската естрада, MC Стојан ретко зборува за својот емотивен статус, а во една прилика призна дека најчесто ги крие девојките затоа што сфатил дека кога никој не знае дека е вљубен врските му траат подолго.
„Колку само пораки сум добил од омажени жени, запрепастен сум. Тоа никогаш не би ми паднало на памет, затоа што не би сакал и јас утре да имам сопруга и мене тоа да ми се случува.
„Луѓето се подготвени на сѐ. Мене една поранешна девојка ме удри со далечинскиот управувач од телевизорот и ми ја скрши аркадата затоа што веќе не сакав да бидеме заедно“ – призна тој.
Но, иако успешно ги крие девојките тој во една прилика откри дека сака да стане татко, а тогаш рече дека бара девојка со која ќе „кликне“ за да може да води заеднички живот.
„Емотивниот статус ми е слободен. Среќно слободен. Бев среќен и сакав, а вљубеноста е моментална состојба која трае 7 дена. Сакам да сакам, но за да можам да имам деца со некоја девојка, тоа сѐ уште не ми се случило – да кликнеме. За сега сум слободен, се надевам дека нема така да остане“ – вели тој.
На шега минатата година на Инстаграм објави една слика до која се пожали дека многу ослабел, па бараше девојка што ќе му помогне повторно да се поправи.
Погледнете повеќе фотографии од него:
Б. С. Б. | Црнобело