„Не сакам да ме потсетува на минатото“ - Наташа Беквалац го реновираше станот во Белград, изгледа спектакуларно
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
„Преубав е домот, многу модерно, а ти и Филип совршено се вклопувате во просторот“, „Леле, помислив дека пак си се омажила“, „Пак ли ќе се мажи?“ – стои во дел од коментарите до фотографиите од домот на Наташа Беквалац. Но, не станува збор за нова љубов, туку за стар пријател кој ѝ помогнал да си го реализира сонот да има совршен дом.
Мермерни детали и уредување во неутрални тонови – вака изгледа домот на српската пејачка Наташа Беквалац по реновирањето, а фотките од новиот дом предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи.
Наташа на Инстаграм сподели повеќе фотографии од новиот дом, но ги збуни следбениците затоа што на првата фотографија што ја објави, таа е заедно со Филип Рашковиќ, дизајнерот што работел на преуредувањето на станот на пејачката.
Голем број од оние што ги видоа фотографиите коментираат дека за миг помислиле дека Наташа одлучила да стапи во брак по четврти пат.
„Леле, помислив дека пак се омажила“, „Преубав е домот, многу е модерно, а ти и Филип совршено се вклопувате во просторот“, „Пак ли ќе се мажи?“ – се некои од коментарите што се најдоа до фотографиите.
„Домот е засолниште од бури, секаков вид бури. Неколку месеци траеше реновирањето на нашиот дом. Почнавме од почеток. Од подот до таванот. Фаза – сива.
Сакав само едно – Ништо, ама баш ништо, ниту една работа, ситница да нема врска со минатото. Овие девојки не сакаат да живеат во минатото!
По природа внимавам на естетиката, како класична вага. Моите желби за нашата куќа никој подобро не можеше да ги разбере од Филип - пријателот на домовите.
Откако се запознавме и станавме пријатели имав желба токму тој да ми го уреди домот. На крај Филип Рашковиќ прифати. Овој дом конечно стана наше огледало и конечно ми се допаѓа тоа што го гледам во него“ – напиша Наташа до фотографиите.
Инаку, домот на Наташа по уредувањето во голема мера наликува на домот на Ким Кардашијан со неутралните тонови и големиот број мермерни елементи.
Станот на Наташа се наоѓа во белградската населба Дедиње, а српските медиуми откриваат дека пејачката потрошила околу 100.000 евра за целосно да го промени изгледот на нејзиниот дом.
„Некои жени даваат цело богатство за чевли, чанти и накит. Јас сето тоа го разбирам, но јас сум поинаква личност.
Еден пријател еднаш ми рече дека се тресам пред добро парче мебел како нормална жена во Chanel и не згреши. Во мојот стан реновирањето траеше цели шест месеци. Не сакав ништо од тоа да ме потсетува на минатото“ – рече таа.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело