Наташа Беквалац го прослави 44-иот роденден на Ибица со шампањ и сестра ѝ - не ѝ треба маж за среќа
- Детали
- четврток, 26 септември 2024
„Животот е највредниот подарок и затоа одлучив секој ден, секој миг да го минам во радост“, напиша Наташа Беквалац по повод нејзиниот 44-ти роденден и си славеше со своите сакани жени, по сите пропаднати љубовни романси.
Наташа Беквалац изгледа конечно е среќна, по неколку пропаднати бракови и многу љубовни врски зад себе, таа го пронајде својот мир во дружбата со саканите жени околу себе.
Па, така е и сега за нејзиниот 44-ти роденден.
Беквалац замина на роденденско патување на Ибица со сестра ѝ Кристина Беквалац.
Со нив се и ќерката на Наташа - Хана, како и ќерката на Кристина - Петра.
Сите заедно ја ископираа фотографијата што ја имале направено во 2014 година на аеродромот Никола Тесла во Белград.
Хана и Петра некогаш биле мали девојчиња, а сега се прекрасни тинејџерки и фотографијата изгледа навистина интересно.
Вчера (25.09) по повод роденденот, Наташа напиша:
„Денес ми е роденден. Ви благодарам на сите за прекрасните желби, честитки и ви благодарам на љубовта, која секој ден ја чувствувам.
Сепак, животот е највредниот подарок и затоа одлучив секој ден, секој миг да го минам во радост, благодарност и насмеана покрај своите деца, семејство, прекрасни пријатели и луѓе кои ги обожавам.
Славењето на Ибица може да започне. Ден еден“.
Прочитајте и „Колку ме имаат просено, малку се имам мажено“ - најсмешните изјави на Наташа Беквалац
С. С. | Црнобело