Била секс робинка во култ, татко ѝ е криминалец – Што знаеме за внуката на српската принцеза, Индија Оксенберг?
- Детали
- петок, 28 јуни 2024
Долго време никој не знаел кој ѝ е татко, а таа како дете на славна мајка спасот го побарала во организација, за која не знаела дека е култ. Како припадничката на српското кралско семејство, Индија Оксенберг, станала секс робинка и каде е и што прави денес?
Индија Оксенберг е американска актерка и ќерка на Кетрин Оксенберг, а малкумина знаат дека таа е внука на српската принцеза Јелисавета Караџорџевиќ.
Индија 7 години била заробена во култот на Кит Раниер, познат како NXIVM или Нексиум, а во интервјуа за странските медиуми и во својот подкаст, Still Learning, отворено зборува за хоророт што го преживеала таму.
Иако веќе 6 години е ослободена од пеколот во кој била заробена со години, таа раскажува дека сѐ уште учи како да ужива во животот, по долгогодишното сексуално и психолошко злоупотребување што го претрпела.
Како Индија станала дел од озлогласениот култ и што всушност се случувало?
Прочитајте повеќе во продолжение:
Индија е ќерка на Кетрин Оксенберг, американска актерка која е најпозната по улогата на Аманда Карингтон во хит-серијата „Династија“ и внука на српската принцеза Елисавета Караѓорѓевиќ.
Таа се родила во 1991-ва година и долги години се ширеле гласини околу тоа кој ѝ е татко, но подоцна се дознало дека таа е ќерка на Вилијам Вајц Шафер, осудуван криумчар на дрога, кој ја запознал мајка ѝ во Германија, каде живеел илегално додека се криел од властите во САД.
Во 1992-ра година татко ѝ се изјаснил за виновен за криумчарење друга, а малата Индија во првите години од животот редовно го посетувала во затвор.
Како дете, Индија учествувала во голем број телевизиски емисии, била дел од реалното шоу на мајка ѝ и се појавувала во неколку филмски проекти.
Откако 1 година поминала на колеџ, во 2011-та година таа заедно со мајка ѝ се вклучила во озлогласениот култ на Кит Раниер, Нексиус, за кој верувала дека е курс за претприемништво.
Мајка ѝ набрзо по влегувањето, отстапила од култот, но Индија останала таму:
„Одлучив по една година да го напуштам факултетот и не бев сигурна што сакам да правам. Се чувствував изгубено. Ми требаше некој правец. Ми требаше цел.
Пријателката на мајка ми ми ја препорача организацијата за самопомош под името NXIVM, која беше опишана како курс за сите оние што се претприемачки ориентирани“ – раскажува Индија.