„Зошто некои мажи под купачите носат памучни гаќи?“ – најсмешните одговори на твитерџиите
- Детали
- петок, 16 август 2024
„Сум слушнала дека тоа момците го прават за да не им се види половиот орган во непријатна ситуација и да не им се движи низ шорцевите...“, „Имаат чувствително меѓуножје...“ – твитерџии даваат креативни одговори на прашањето на Хрватка.
Твитерџика од Загреб, која во изминатиот период била на одмор на Брач, постави прашање кое предизвика дебата кај твитерџиите.
„Момци, дајте објаснете ми зошто некои мажи на плажа, под шорцевите за бањање, носат и памучни гаќи?“ – прашува таа.
https://twitter.com/AliceJurak/status/1823355263463694490
Нејзиното прашање ја вивна креативноста на твитерџиите во вис, па додека некои пробуваат да најдат сериозно објаснување, други смислуваат шеговити одговори.
Секако, тука се и оние кои никогаш не биле сведоци на таква глетка, па се чудат дали навистина тоа постои.
Во продолжение дел од најинтересните одговори на прашањето:
„Исто како некои жени кои за спиење прво облекуваат гаќи, па преку нив долниот дел од пижамата. Необјасниво. Ни секунда во животот да не се поминело без гаќи...“
„Моите синови се во таа група. Велат дека подлогата/мрежата ги гребе и сече, и дека вака им е поудобно“.
„За помалку да се гледа дека не се надарени...“
„За да се види натписот на истите и да се пофалат, немам друго објаснување“.
„За да не остане чипкаста трага од мрежата...“
„Цело лето пробувам и јас тоа да го сфатам, масовна појава стана одеднаш“.
„Некои шорцеви за бањање немаат постава, па... сфатете сами“.
„Сум слушнала дека тоа момците го прават за да не им се види половиот орган во непријатна ситуација и да не им се движи низ шорцевите...“
„Можеби заради хигиенски причини. Ако ги позајмиле шорцевите на пример...“
„Јас во периодот на средно училиште – таа мрежата под шорцевите толку знаеше да ми ја изиритира кожата и да ме чеша, што би ја искинал.
Но во тој случај се оцртува сè одоздола и не е пријатно да ти се гледа... и така ќе облечев гаќи под купачите – ем ништо не се познава, ем удобно. Сега само Speedo“.
„Шорцевите за бањање понекогаш немаат постава за долниот пријател – па постои шанса да им ѕирне низ ногавицата, плус помала е шансата нешто да ги касне во вода. Ова се само мои погодувања“.
„Имаат чувствително меѓуножје...“
„Мене маж ми ми кажа дека е незамисливо одвратно чувството кога мрежата од шорцевите ќе ги пресече доле, па така прво носеше гаќи под нив, а сега купува шорцеви кои имаат памучен дел внатре“.
M. M. | Црнобело