Сателитски фотографии од пред и по земјотресот во Турција покажуваат колкава е штетата
- Детали
- четврток, 09 февруари 2023
Цели згради веќе се „исчезнати“ на сателитските снимки, а на местата каде што некогаш имало паркови и широки улици, сега има шатори во кои се засолнати лицата што успеале да го преживеат силниот земјотрес. Сaтелитски снимки од пред и по земјотресот во Турција.
Според информациите објавени во турските медиуми околу 11 часот утрово, бројот на жртви кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес што ја зафати земјата во понеделникот (07.02) се искачи на над 14.000 лица, а во земјата сѐ уште трае потрагата по преживеани.
Во моментов, според пишувањата на турските медиуми, вкупно 63.794 лица се повредени, а од силниот земјотрес биле срушени вкупно 6.444 згради.
Дел од светските медиуми објавуваат сателитски снимки на кои може да се види како изгледале некои од градовите пред и по земјотресот.
Погледнете со фото слајдерот во продолжение колку се променил изгледот на градовите во Турција:
Градот Ислахије, во регионот Газијантеп
Градот Ислахије, сателитска снимка од разрушени градби
Граѓаните на Ислахије сѐ уште очекуваат да пристигнат поголем број спасувачки тимови
Разрушени згради во градот Нурдаги
Шатори и возила на службите за помош во Нурдаги
Шатори за преживеаните во градот Нурдаги
Б. С. Б. | Црнобело