Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се сведува на плачење

„Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Биковиќ за српските медиуми. Неговата партнерка ги објави првите фотки од синот и покажа како се снаоѓа во улогата на мајка.

partnerkata-na-milosh-bikovikj-objavi-fotka-kako-go-doi-sinot-akterot-se-zhali-deka-denovive-s-se-sveduva-na-plachenje-01.jpg

Партнерката на Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, објави неколку фотки за да покаже како им изгледа животот овие денови со новороденче. Таа објави фотка на која го дои синот, од него како спие со неговото кадифено зајче, но и од количката додека се на прошетка.

„Животот овие денови“ – напиша таа до фотките.

partnerkata-na-milosh-bikovikj-objavi-fotka-kako-go-doi-sinot-akterot-se-zhali-deka-denovive-s-se-sveduva-na-plachenje-03.jpg

Милош и Ивана го добија синот Василије во јануари годинава, а тие важат за пар кој не сака воопшто да го покажува бебето во јавност, па на сите фотографии го кријат неговото лице.

Милош неодамна даде интервју за српските медиуми, па одговори и на прашањето како се снаоѓа во улога на татко.

„Во таа улога човек се остварува сѐ додека е жив. Таа улога се развива.

Ќе видиме каква ќе биде во иднина, но засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош.

partnerkata-na-milosh-bikovikj-objavi-fotka-kako-go-doi-sinot-akterot-se-zhali-deka-denovive-s-se-sveduva-na-plachenje-02.jpg

Инаку, Ивана и Милош се заедно околу две години, а неговиот руски колега Иван Оклобстин, во изјава за руските медиуми откри дека актерот во тајност се венчал за својата партнерка без никој да знае за тоа.

partnerkata-na-milosh-bikovikj-objavi-fotka-kako-go-doi-sinot-akterot-se-zhali-deka-denovive-s-se-sveduva-na-plachenje-04.jpg

Тие двајца го добија синот Василиј на 9-ти јануари годинава, само неколку дена пред актерот да го прослави својот 36-ти роденден.

partnerkata-na-milosh-bikovikj-objavi-fotka-kako-go-doi-sinot-akterot-se-zhali-deka-denovive-s-se-sveduva-na-plachenje-05.jpg

Прочитајте и „Сме биле богати, а потоа сме загубиле сѐ“ – Помалку познати детали од детството на Милош Биковиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg