Се венчале во тајност без никој да знае: Милош Биковиќ на роденденот ги зеде сопругата и синот од болница

Српскиот актер Милош Биковиќ на својот 36-ти роденден го доби најубавиот подарок. Тој се упати кон породилиштето за да ги земе сопругата Ивана Малиќ и синот Василиј, откако се дозна дека во тајност се оженил за свршеницата, без никој да дознае за тоа.

se-venchale-vo-tajnost-bez-nikoj-da-znae-milosh-bikovikj-na-rodendenot-gi-zema-soprugata-i-sinot-od-porodilno-01.jpg

Српскиот актер Милош Биковиќ на 09.01 стана татко на син, а во српските медиуми е објавена видео снимка на која се гледа како тој со личен шофер се упати кон породилиштето за да го земе синот и сопругата Ивана Малиќ.

se-venchale-vo-tajnost-bez-nikoj-da-znae-milosh-bikovikj-na-rodendenot-gi-zema-soprugata-i-sinot-od-porodilno-02.jpgфото: Јутјуб принтскрин

Интересно е тоа што Милош ги зеде синот и сопругата на денот кога го прослави својот 36-ти роденден (13.01).

Долго време се веруваше дека Милош и Ивана се свршени и дека не стапиле во брак, но се покажа дека неговиот руски колега, Иван Оклобстин, со кого играат заедно во рускиот филм „Слуга“ веќе открил дека актерот во тајност се оженил, без да знае никој.

se-venchale-vo-tajnost-bez-nikoj-da-znae-milosh-bikovikj-na-rodendenot-gi-zema-soprugata-i-sinot-od-porodilno-06.jpg

Зборувајќи за својот српски колега, во интервју за руските медиуми, Иван ненамерно открил детали за приватниот живот на Биковиќ:

„Тој има мошне сериозен став кон жените. Фала Богу, сега е оженет и има прекрасна сопруга“ – рекол Иван во изјава за руските медиуми.

se-venchale-vo-tajnost-bez-nikoj-da-znae-milosh-bikovikj-na-rodendenot-gi-zema-soprugata-i-sinot-od-porodilno-07.jpg

Никој точно не знае кога Ивана и Милош стапиле во брак, но тоа воопшто не треба да нè зачудува, имајќи предвид дека актерот, кој се прослави со улогите во филмовите „Монтевидео“ и „Јужни ветар“, отсекогаш бил таинствен кога станува збор за приватниот живот.

se-venchale-vo-tajnost-bez-nikoj-da-znae-milosh-bikovikj-na-rodendenot-gi-zema-soprugata-i-sinot-od-porodilno-08.jpg.jpg

Имено, се знае дека тој и Ивана долго време криеја дека ќе станат родители, а за прославата по повод раѓањето на синот се огласи дури откако на социјалните мрежи „протекоа“ првите видео снимки од лудата прослава што тој ја приредил.

„Моите браќа Цигани ми велат дека имам циганска душа и тоа ми е еден од најубавите комплименти. Ги сакам затоа што душата денес е дефицитарна стока. (Не се знае што е полошо, тоа што е дефицитарна или што се посматра како стока).

А моите пријатели се со мене и во радост и во тага и им благодарам за сè. Роденденот не ни започна, а јас веќе ги добив своите подароци.

Го добив НЕГО... Најголемиот благослов од сите“ – напиша Биковиќ до видеото во кое се гледа како со скината маица танцува на музиката за време на забавата по повод раѓањето на синот.

Инаку, по породувањето се огласи и неговата сопруга која на Инстаграм Стори се заблагодари за подароците што ги добиле.

se-venchale-vo-tajnost-bez-nikoj-da-znae-milosh-bikovikj-na-rodendenot-gi-zema-soprugata-i-sinot-od-porodilno-04.jpg

Прочитајте и „Сме биле богати, а потоа сме загубиле сѐ“ – Помалку познати детали од детството на Милош Биковиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg