Танцува полугол, лепи пари на трубачи – Како славеше Биковиќ за синот?
- Детали
- петок, 12 јануари 2024
Милош Биковиќ се трудеше да ги скрие деталите околу раѓањето на синот, но на социјалните мрежи протекоа видеа од прославата. Актерот кој е познат по тоа што секогаш е смирен и одмерен, сега имаме можност да го видиме во сосема поинакво издание.
Српскиот актер Милош Биковиќ на 9-ти јануари годинава стана татко и доби син, а сега на Инстаграм се објавени видеа од прославата што тој ја направил со пријателите, на кои се гледа дека актерот не штедел на забавата.
Актерот се трудеше колку е можно помалку детали да испливаат во јавност околу прославата за раѓањето на неговиот син, па дури не го соопшти ниту неговото име, а вестите ги потврди само со цртеж на кој се нацртани мајка, татко и дете.
Но, очигледно ништо не може да остане скриено долго, па така на социјалните мрежи се објавени и видеа на кои се гледа дека актерот лудо се забавувал по повод раѓањето на неговиот син.
На едно од видеата се гледа дека актерот славел заедно со неговите колеги, кои му ја скинале маицата и му ја врзале на глава.
Потоа се гледа како тој танцува качен на рамена на еден од неговите пријатели без маица и им лепи пари на трубачите кои ја свират „Ѓурѓевдан“.
Во едно од видеата, се гледа како Милош ја пее песната „Теби моја мазо“ заедно со присутните и како танцува гол.
За да ги погледнете сите видеа кликнете на стрелките во објавата:
Б. С. Б. | Црнобело