Анастасија Ражнатовиќ го бодри дечкото на натпревар во Шпанија, откако откри што навистина се случувало во Катар
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
Анастасија Ражнатовиќ деновиве на трибините во Севиља го бодреше својот дечко Немања Гудељ, во аутфит кој чини над 11.000 евра. Само неколку дена пред тоа, пејачката откри што навистина се случувало во Катар и стави крај на гласините за наводна расправија меѓу парот.
На крајот на минатата година Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ беа топ тема во српските медиуми, откако се пишуваше дека фудбалерот бил вклучен во секс скандал со партнерката на еден од неговите колеги во српската репрезентација, а потоа се ширеа гласини за наводен раздор во семејството Гудељ кое не ја оправдувало врската на нивниот син со ќерката на Цеца.
Анастасија Ражнатовиќ сега на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа дека таа била на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“, каде навивала за тимот на нејзиниот дечко Немања Гудељ.
Анастасија на трибините се појави во кариран жолто бел капут од REDValentino кој чини 925 евра и ѓердан од Tiffany & Co. што се продава по цена од 10.325 евра, а ова нејзино појавување следеше само неколку дена откако таа откри што навистина се случувало во Катар.
Во најновата епизода на реалното шоу Ceca show што се емитува на српската Блиц телевизија, Анастасија зборуваше за тоа како си поминала во Катар.
Како што рече, таа таму си поминала феноменално, но жали, што немале премногу време за да се видат со Немања.
„Беше супер во Катар. Само еднаш се видовме кога беше слободен, не можеш да се видиш со некого кога сакаш, туку само кога селекторот Пикси ќе ти дозволи“ – раскажа таа.
фото: BlicTV - принтскрин
По неуспехот на српската репрезентација во Катар, дел од тамошните медиуми пишуваа за наводни расправии и кавги меѓу Анастасија и Немања, па некои дури пишуваа дека таа предизвикала раздор во семејството, затоа што мајката и сестрата на Немања не се согласувале со неа.
Анастасија откри што се случило по враќањето од Катар.
„Се вративме истиот ден назад, но со различни летови, затоа што тој мораше да оди со репрезентацијата.
Таа вечер бевме во Белград, а потоа отидовме во Севиља за да ги искористиме тие неколку денови додека тој беше слободен, затоа што тие никогаш не се ослободени од тренинзи“ – рече таа.
фото: Инстаграм
Инаку, Анастасија во неколку наврати потенцира дека во последната година живее на релација Белград - Севиља и дека воопшто не ѝ пречи постојано да патува.
Б. С. Б. | Црнобело