Раста ја направи славна, во врска е со братот на Нучи - Која е Зера, српската трап пејачка што е хит меѓу помладите?
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Нејзините родители не се сложувале таа да се врати во Србија од Австрија каде што живееле, па откако добила понуда за соработка со српска продуцентска куќа, Зера работела цело лето како келнерка во ресторан за да собере пари за спот и песна - факти за познатата српска пејачка.
Марина Пезеровиќ Зера е една од моментално најпопуларните српски трап пејачки, чиишто песни се карактеристични по тоа што секогаш имаат по една строфа на германски јазик.
На возраст од само 20 години Зера веќе гради успешна музичка кариера, а таа е една од најследените пејачки меѓу младите на социјалните мрежи.
Зера имаше одличен настап на доделувањето на MAC наградите, па за неа дознаа дури и оние што не ја следат постојано музиката од новиот бран на Балканот.
@teodoraxlove Zera ? #zera #mac #musicawardsceremony ♬ original sound - TEODORA FP
Во продолжение неколку интересни факти за Зера што можеби не сте ги знаеле:
Марина Пезеровиќ Зера е родена во 2002-ра година во Австрија. Нејзините родители кон крајот на 20-иот век емигрирале од Србија во Австрија и денес живеат таму.
Нејзиното уметничко име Зера доаѓа од презимето Пезеровиќ и истото го користела како алијас на социјалните мрежи и пред да стане славна.
Зера уште од најмала возраст сакала да се занимава со музика, а во Австрија имала повеќе настапи на англиски јазик, а вниманието го привлекла откако на социјалните мрежи почнала да споделува кавер верзии на српски песни што ги пеела во свој стил.
@zverkazove ?21.8 15h #zera #zerazove #fyp #fy #xyzbca #foryou #foryoupage #viral #balkan #srbija #serbia ♬ Originalton - Zera
По објавувањето на нејзината верзија на песната на Раста, Ragga Session, познатиот српски музичар го споделил нејзиното видео, а потоа добила покана за соработка со продукциски куќи во Белград во 2020-та година.
Во Австрија ја напишала песната Do zore која била инспирирана од еден разговор со мајка ѝ која спонтано ѝ рекла: „Нема врска, ќе помине и тоа...“
По разговорот со српските продуценти, Марина цело лето работела како келнерка во ресторан во Австрија за да собере пари да се пресели во Србија и да сними песна и видео-спот. Откако наполнила 18 години одлучила да го оствари својот сон, иако нејзините родители првично се противеле на нејзината желба да се врати во Србија.
Зера привлекува внимание со својата врска со Марко Паниќ, братот на српскиот музичар Нучи и еден од основачите на продукциската куќа Generacija ZED.
Во медиумите честопати се пишува за некаков конфликт меѓу неа и нејзината колешка Ангела Игњатовиќ – Бресквица, но тие двете ги отфрлаат таквите пишувања и велат дека се во најдобри односи.
Б. С. Б. | Црнобело