Зградите се рушат како кули од карти – Вознемирувачки видеа од земјотресот во Турција
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Рано утрово (06.02.2022), силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала погоди дел од Турција во кој според првичните информации животите ги загубија стотици граѓани, а неколку илјади се повредени. На социјалните мрежи се споделуваат вознемирувачки видеа, а бројот на загинати од час во час расте. Според последните информации (во 11 часот) бројката на загинати се искачи на 912 лица.
Турските медиуми јавуваат дека земјата стравува од нови потреси. Аеродромот Хатај е затворен за летови, а запрена е и доставата на гас низ гасоводите.
Во моментов спасувачките екипи се на терен, а биле почувствувани повеќе нови потреси со јачина од над 6 степени според Рихтеровата скала.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се обрати пред нацијата и во изјавата соопшто дека според последните информации бројот на загинати се искачил на 912 лица.
Земјотресот бил со епицентар во Пазарџик, а ги погоди провинициите Газиантеп, Санлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис. Исто така бил почувствуван и во соседна Сирија.
Тлото во Турција почнало да се тресе во 4.17 часот по локално време, а на социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа и фотографии од моментот.
Погледнете дел од видеата:
Зграда се сруши како кула од карти во Турција:
Не се рушат само делови – цели згради паѓаат како кули од карти:
Делови од Турција целосно се разурнати:
Внатрешност од продавница за време на земјотресот:
Цела зграда се руши на местото на епицентарот на земјотресот во Jужна Турција:
Разрушена писта на аеродром:
Б. С. Б. | Црнобело