„Јас прва забележав дека нешто не е во ред со мојот внук, а не мојата ќерка. Јас веќе две години го чував и имав повеќе искуство. Едноставно не се фокусираше на мене, а на 6 месеци се фокусираше. Можев да врескам крај него, а тој беше во свој свет. Првите две години ги кажуваше првите зборчиња – мама, тато, баба. Но, сега не говори. Тој веќе 5 години молчи...“, споделува Маја Оџаклиевска и открива зошто таа и внукот го обожаваат животот на село.