Контроверзниот бугарски пејач Азис очекува трето дете – се пофали со ехо-снимка од гинеколошки преглед

„Татко по третпат“ – се пофали бугарскиот пејач Азис на социјалните мрежи. Тој го крие идентитетот на мајката на своето дете, но затоа сподели видео снимка од гинеколошкиот преглед.

kontroverzniot-bugarski-pejach-azis-kje-stane-tatko-po-tret-pat-se-pofali-so-video-od-ginekoloshki-pregled-01.jpg

Контроверзниот бугарски пејач Васил Тројанов Бојанов, или попознат како Азис (44), кој во минатото беше популарен по својот ексцентричен моден стил, на Инстаграм објави новитети за принова.

kontroverzniot-bugarski-pejach-azis-kje-stane-tatko-po-tret-pat-se-pofali-so-video-od-ginekoloshki-pregled-02.jpg

Азис објави видео-снимка од гинеколошки преглед, со која најави дека го проширува семејството.

kontroverzniot-bugarski-pejach-azis-kje-stane-tatko-po-tret-pat-se-pofali-so-video-od-ginekoloshki-pregled-04.jpg

На видео снимката не може да се види ликот на мајката на неговото дете, но на мониторот се гледа дека таа е во второто тримесечје од бременоста.

„Наскоро... Татко по третпат“ – напиша тој до објавата.

Инаку, минатата година, во 2022-ра година, Азис го доби своето второ дете, но досега не открил која е мајката на детето.

kontroverzniot-bugarski-pejach-azis-kje-stane-tatko-po-tret-pat-se-pofali-so-video-od-ginekoloshki-pregled-05.jpg

Се знае дека тој во периодот од 2006-та до 2008-ма година беше во брак со Николај Петров Парванов.

Во 2007-ма година, заедно со неговата долгогодишна пријателка пејачката Гала, ја доби ќерката Раја, која ја чува што е можно подалеку од очите на јавноста.

Иако македонската публика го помни бугарскиот пејач Азис по периките и шминката, тој во последните неколку години значително го промени имиџот.

Погледнете повеќе негови фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вујкото и мајката на Ксенија Пајчин, која беше брутално убиена од партнерот: „Некои болки не се допи... Eдна од најголемите трагедии на јавната сцена во регионот беше кога манекенот Фи...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg