Контроверзниот бугарски пејач Азис (44) стана татко по вторпат - каков имиџ има сега?
- Детали
- недела, 05 јуни 2022
Азис објави дека станал татко по вторпат, а дел од бугарските медиуми го обвинија дека лаже и дека бебето не е негово. Одговор на таквите тврдења се фотографиите и видеата што беа објавени на социјалните мрежи а на кои се гледа дека пејачот направил луда забава по повод раѓањето на синот.
Македонската публика го запозна со неговиот ексцентричен стил, во периодот кога носеше перики и шминка, а денес бугарскиот пејач Азис (44) речиси е непрепознатлив. Неодамна тој објави дека станал татко вторпат.
Васил Тројанов Бојанов, или кај нас попознат како Азис во периодот од 2006-та до 2008-ма година беше во брак со Николај Петров Парванов.
Во 2007-ма година, заедно со неговата долгогодишна пријателка пејачката Гала, ја доби ќеркичката Раја (15), а неодамна се пофали дека добил син.
„Благословен сум што станав татко по вторпат на 44 години. Момче е.“ – напиша тој до фотографијата на која држи машко бебе свртено со грб.
Дел од бугарските медиуми шпекулираат дека наводно пејачот не станал татко и дека само позирал со нечие бебе, за да го привлече вниманието, но тој реши да одговори така што приреди голема забава по повод раѓањето на детето на која присуствуваа голем број негови роднини и пријатели од естрадата во Бугарија.
Тој објави видео на кое се гледа дека добро се забавувале за време на забавата.
Актерката Катерина Евро на Инстаграм објави фотографија на која се заедно со нејзината колешка Вања Шчерева и со Азис, а до неа напиша:
„Со младиот татко. Да го залееме бебето“.
По повод 1-ви јуни, Интернационалниот Ден на детето, пејачот објави уште една фотографија со новородениот син:
Засега нема информации која е мајката на бебето на Азис.
Инаку, контроверзниот бугарски пејач кој неодамна направи дует со Северина, во последните неколку години целосно го промени сопствениот имиџ и повеќе нема ниту трага од периките и шминката.
Погледнете како изгледа денес тој:
Б. С. Б. | Црнобело