Ја оставил за „Шехерезад“ и ја натерал да абортира – Како изгледа првата сопруга на најпознатиот турски актер Халит Ергенч? (фото)
- Детали
- сабота, 21 јануари 2023
„Не можев да родам дете во таква средина“ – со овие зборови, првата сопруга на актерот познат по улогата на Сулејман Величествениот, ја оправдува својата одлука да го абортира детето, откако тој ѝ побарал развод. Како Халит Ергенч ја оставил бремената сопруга за да биде со Бергузар Корел?
Актерите Бергузар Корел (40) и Халит Ергенч (52) важат за еден од најпознатите турски парови.
Благодарение на улогите во хит-серијата „1001 ноќ“ што беше меѓу првите турски серии што се емитуваа на нашите простори, речиси сите ги препознаваат како актерите што ги одиграа Онур и Шехерезад.
Парот во 2021-ва година го доби своето трето дете, ќерката Лејла, а заедно имаат уште два сина Али (12) и Хан (3). Халит и Бергузар се во брак од 2009-та година, а нивната љубовна приказна започна за време на снимањето на популарната серија.
Денес редовно ги гледаме на социјалните мрежи како уживаат во својата семејна идила, а малкумина знаат дека нивната приказна своевремено се сметаше за мошне скандалозна – особено ако се земе предвид дека во тој период актерот Халит Ергенч веќе беше оженет со 14 години помладата актерка Гизем Сојсалди, а Бергузар беше во сериозна врска со друг маж.
Серијата „1001 ноќ“ во Турција се емитуваше во периодот од 2006-та до 2009-та година и славниот пар се запознал токму во овој период.
Меѓу нив постоеле силни емоции, на кои, во 2008-ма година кога двајцата биле на службено патување во Париз, не успеале да им одолеат.
По ова Бергузер му раскинала на дечкото, а Халит побарал развод од 14 години помладата сопруга која тогаш била бремена, па одлучила да абортира.