Гласини за афера со Али Риза, вработени ја тужат за малтретирање – Како изгледа и што прави денес Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“?
- Детали
- недела, 08 јануари 2023
По успехот во „Кога лисјата паѓаат“, ја доби главната улога во серијата „Ифет“, а беше во врска со актерот со кого ги толкуваа главните улоги. Беше отпуштена од серија заради консумирање алкохол – Каде е денес и што прави Дениз Чакр, актерката која ја играше Ферхунде?
Македонската публика ја помни по улогата на Ферхунде во хит серијата „Кога лисјата паѓаат“ и по улогата во „Ифет“, но колку Дениз Чакр се променила во последните 12 години?
Последната епизода на серијата „Кога лисјата паѓаат“ беше снимена на 29-ти декември 2010-та година, а меѓу ликовите што ќе останат најзапаметени е и оној на снаата Ферхунде, што маестрално го одигра актерката Дениз Чакр.
По завршувањето на снимањето на хит серијата, Дениз продолжи со својата актерска кариера, играше во други познати серии, беше добра пријателка со нашата актерка Сабина Ајрула со која заедно играа во серијата „Сулејман Величествениот“, имаше врска со колега, а денес е заедно со познат турски бизнисмен.
Што знаеме за Дениз Чакр?
Дениз Чакр е родена на 31-ви декември 1981-ва година, што значи дека пред новата 2023-та го прослави својот 41-ви роденден.
Таа е родена во Анкара, каде студирала на државниот конзерваторуим Хаџитепе, а актерската кариера ја започнала во 2004-та година кога одлучила да се пресели во Истанбул.
Веќе во 2005-та година ќе ја прифати улогата во хит серијата „Кога лисјата паѓаат“ што ќе ѝ донесе меѓународна слава.
Интересно е што за време на снимањето таа стана многу добра пријателка со Халил Ергун (76), актерот што ја толкуваше улогата на Али Риза, па нивните заеднички фотографии честопати беа објавувани во турските медиуми, а имаше гласини дека парот наводно е во романтична врска.
Тие двајца беа фотографирани една вечер додека беа излезени заедно и изјавија дека се многу добри пријатели па затоа се постојано заедно.
По ова имаше еден инцидент кога возачот на Халил удри во заштитната ограда со автомобилот, а турските медиуми пишуваа дека Дениз од ресторанот била изнесена во видно алкохолизирана состојба.