„Добредојде бабин ангел“ - Јелена Бачиќ Алимпиќ доби внука од синот и ѝ се заблагодари на снаата
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2023
Српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ на 53 години за првпат стана баба, а на својот Инстаграм профил ѝ се заблагодари на саканата снаа за оваа среќа. „Станав баба. Ти благодарам Антонина Алимпиќ на оваа неверојатна среќа...“
Јелена Бачиќ Алимпиќ (53) денес (23.01) доби внука од синот Марко, која ќе го носи името Мила.
Марко стапи во брак во 2022 година со саканата Антонина.
И снаата Антонина и Јелена ја објавија среќната вест.
Јелена на својот Инстаграм профил напиша:
„Добредојде бабин ангел. Неопислива среќа“, и додаде „Станав баба. Ти благодарам Антонина Алимпиќ на оваа неверојатна среќа. Ве сакам најмногу на свет.“
Покрај синот, Јелена има и ќерка која пред извесен период го напушти семејниот дом поради студии во Холандија, а писателката тогаш сподели:
„Заминувањето на Дуња комплетно ме растргна, иако ја поттикнував и поддржував да ги следи своите желби и соништа“.
Но, сега внуката Мила дефинитивно ќе ѝ биде утеха и друштво на Јелена.
Повеќе фотографии од синот на Јелена и неговата сакана:
https://www.instagram.com/p/CaMnK_MsTdl/
С. С. | Црнобело