Српската група „Hurricane“ има нова постава - збогум Сања, Ивана и Ксенија (фото+видео)
- Детали
- петок, 13 јануари 2023
По Сања, Ксенија и Ивана, сега „Hurricane“ има сосема нова постава. Три нови девојки, од кои една Афроамериканка ќе конкурираат дури и за на Евровизија, по стапките на нивните претходнички. Како ви се допаѓа новиот изглед на групата „Hurricane“?
Кога ќе се спомене српската женска група „Hurricane“ нè асоцира на добар ритам, енергија, танцување, убавина, па и Евровизија.
Но, по истекот на договорот на препознатливите Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ, групата има нова постава.
Сега три сосема нови девојки членуваат во „Hurricane“.
Станува збор за младите и талентирани девојки Сара Курума, Јована Радиќ и Миона Сречковиќ.
Тие во октомври месец го имаа првото заедничко интервју за eден српски магазин.
Кои се трите нови девојки?
Сара Курума
Сара е Афроамериканка коjа на шега вели дека се чувствува како Афросрбинка.
„Мајка ми е од Косово по потекло, но родена е во Белград, а татко ми е од Гвинеја, што значи јас сум по потекло од Гвинеја, но родена во Србија“, изјави таа.
Јована Радиќ
„Јас сум родена во Краљево, но веќе 5 години живеам во Белград, па мојот дијалект се чувствува само кога ќе се изнервирам и зборувам брзо“.
Миона Сречковиќ
Учествуваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а доаѓа од Франција.
„Родена сум во Франција. Мајка ми е од Ниш, а татко ми од Крушевац. Родена сум и завршив училиште во Франција.“
Девојките на шега велат дека шеф во групата им е Миона, таа е најодговорна и внимава да не доцнат и откриваат дека пред да станат бенд не се дружеле, но сега научиле како да се усогласуваат и да функционираат заедно, иако секогаш е проблем три девојки да се договорат.
Тие велат дека се креативни и луди, како и претходните членки на групата и дека најважно е што ја носат истата динамика и енергија.
Девојките поминаа на конкурсот и во март ќе учествуваат на српскиот избор за песна на Евровизија.
„Песната е многу енергична и се вика ‘Зуми, зими, зами’ и имаме голема шанса да го повториме успехот на Евровизија на нашите претходнички Сања, Ивана и Ксенија. Нивните совети ќе ни помогнат за подобро да се претставиме“, велат девојките.
Новите девојки:
С. С. | Црнобело