Раскина со познатиот српски кошаркар, па се пофали дека добила порака од Нејмар – Љубовниот живот на Теодора Џехверовиќ
- Детали
- петок, 06 јануари 2023
Имаше бурна врска со учесник во „Задруга“, па мајка ѝ се пријави во ријалити шоуто за да спречи ќерката да има секс пред камерите. Сега објави дека Нејмар ѝ праќа пораки на Инстаграм – Теодора Џехверовиќ привлекува внимание и со музиката, но и со својот љубовен живот.
Стана славна откако се појави во „Ѕвездите на Гранд“ во 2014-та година, а денес е една од најпознатите српски пејачки кои имаат свои настапи како во Србија и на Балканот, така и во западно европските земји.
Освен со својата музика, Теодора Џехверовиќ честопати привлекува внимание и со својот љубовен живот, а неодамна во српските медиуми се појавија написи дека на убавата пејачка ѝ се „додворувал“ Нејмар, откако таа на Инстаграм ја објави пораката што тој наводно ѝ ја пратил.
Таа на Инстаграм Стори објави скриншот од реакцијата со аплауз што Нејмар наводно ѝ ја пратил, а до неа напиша:
„Среќна Нова година на сите. Одам да паднам во несвест.“
По ова таа настапуваше пред Собранието во Белград, а за медиумите ја коментира и пораката што фудбалерот ѝ ја испратил:
„Јас бев шокирана кога ја видов пораката од него, во стилот: ‘Кој е сега ова’ и кога ја отворив пораката, си реков: ‘чекај, ова е невозможно’, јас него воопшто не го следам.
Помислив дека тоа морам да го објавам, можеби е глупаво за некого, но Нејмар ми испрати порака, луѓе. Не ми се додворуваше, верувам дека тоа му беше само финта“ – рече Теодора.
Претходно Теодора имаше две посериозни врски со моделот Ангело Ранковиќ и со кошаркарот Нино Челебиќ.
Додека учествуваше во шоуто „Задруга“, Теодора беше во врска со манекенот Ангело Ранковиќ. Тие важеа за еден од најскладните парови во шоуто.
Наводно нејзината мајка Гордана издејствувала да влезе во шоуто затоа што сметала дека нејзината ќерка еден ден ќе стане ѕвезда и не сакала да биде обележена заради „секс пред камерите“ како што тоа им се случувало на другите учеснички.
Откако заврши учеството во реалното шоу, Теодора и Ангело раскинаа, а се шпекулираше дека тој ја изневерил со друга девојка.