Раскина со познатиот српски кошаркар, па се пофали дека добила порака од Нејмар – Љубовниот живот на Теодора Џехверовиќ
Нејзината мајка, Гордана, за српските медиуми тврдеше дека семејството на Ангело не ја прифаќало Теодора и дека пејачката постојано била изложена на навреди од нивна страна, по што тој предложил да продолжат да се гледаат во јавност, но таа не прифатила.
По ова следеше врската со кошаркарот Нино Челебиќ со кого беше во врска од 2020-та година. Тие двајца се запознале на социјалните мрежи, а потоа почнале да комуницираат и се виделе.
По две години врска, српските медиуми неодамна забележаа дека нешто не е во ред меѓу нив двајца откако тие се отследија на Инстаграм и ги избришаа сите заеднички фотографии.
Наводно, Теодора и Нино се скарале затоа што таа веќе сакала да стапат во брак и да почнат заеднички живот, а кошаркарот не бил подготвен за тоа.
Нејзината мајка, пак, вели дека можеби и ова раскинување е само маркетиншки трик, затоа што ќерка ѝ е позната дека знае да пласира наводни кавги во јавност за да се промовира себеси, а дека таа лично не знае дали тие двајца се сѐ уште во врска.
Погледнете повеќе фотографии од Теодора во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CX9Mv1kDSAZ/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/Cm7Mojhtk_b/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CmeguT2o3Pf/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CdqlO9WtH7Y/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/BppVVKohR17/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/BtrkwEOnq1f/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/Bl7hEPDnpTl/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело