Наташа Беквалац (42) со смели корсети на новогодишните настапи, налик Јелена Карлеушa
- Детали
- четврток, 05 јануари 2023
„Ова за мене приватно беше една од најтешките години, но на поле кариера многу успешна година...“, споделува Наташа Беквалац која во празничниот период ја видовме во најсексапилните изданија досега.
Наташа Беквалац (42) за новогодишниот период настапи на неколку атрактивни дестинации во Србија, меѓу кои и Копаоник, и на овие настапи се појави посекси од кога било.
Таа облече корсети со светкави камења на нив, кои продолжуваат во долен транспарентен дел.
Во ваков тип на стајлинзи сме навикнати да ги гледаме Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша, но сега и Беквалац изненади со изборот.
По настапите таа објави:
„Каква ноќ! Ве сакам и сакам што ме сакате.
Ова за мене приватно беше една од најтешките години, но на поле кариера многу успешна година.
Мојата екипа и јас за вас свиревме повеќе од кога било, па по новогодишните настапи време е да земеме мал одмор и да ја обновиме енергијата.
Ова е период кој ќе го искористам за престој во студио. Се затворам и не излегувам додека не ја завршам магичната музика што ја создаваме за вас. Време е за нов албум.
Ве сака вашата Пресвета.“
С. С. | Црнобело