Турција – Пред и по катастрофалниот земјотрес, низ 9 фото-споредби
- Детали
- вторник, 07 февруари 2023
Разурнати џамии, станбени згради, хотели... Со фото-слајдерот во продолжение, погледнете како изгледаа некои од градбите во турските градови пред да бидат разрушени од силниот земјотрес, а како за жал изгледаат сега.
Од фотографиите што масовно се споделуваат од Турција и Сирија може да се видат само урнатини и луѓе што панично се обидуваат да им помогнат на оние што се затрупани под нив.
По разорниот земјотрес што ги зафати Сирија и Турција во понеделникот (06.02), на социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа од урнатините и од луѓето што очајно се обидуваат да ги спасат своите најблиски, а фото-споредбите во продолжение покажуваат во колкава мера бил разорен земјотресот.
Од големите висококатници се останати само урнатини, а освен поновите градби, штета претрпеа и некои стари споменици.