Физиотерапевти, правници, криминолози - Какво образование имаат српските познати личности?
- Детали
- сабота, 17 февруари 2024
Неретко јавноста мисли дека познатите личности немаат високо образование, најмногу бидејќи повеќето се прославиле кога била навистина млади. Но, во реалноста, бројни ѕвезди (вклучувајќи ги и регионалните) имаат високо образование, а некои и по три факултети.
За популарност на српската естрада дефинитивно не е пресудна дипломата, затоа што најголемите ѕвезди таму завршиле средни училишта кои немаат никаква поврзаност со музика.
Има и такви кои имаат завршено само основно образование.
Меѓутоа, меѓу нив има и високо образовани.
Какво образование имаат дел од српските познати личности:?
Наташа Беквалац
Иако Наташа многу рано заплива во музичките води, многумина не знаат дека убавата пејачка всушност завршила Вишо училиште за спортски тренери, и тоа со највисока оценка.
фото: Инстаграм
Марија Килибарда
Познатата водителка завршила средно медицинско училиште каде учела за физиотерапевт.
Подоцна студирала на Факултетот за политички науки, насока социјална работа и политика и на Вишото училиште насока спортски менаџмент.
фото: Инстаграм
Јелена Ѓоковиќ
Една од најобразованите Србинки е секако сопругата на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Јелена завршила бизнис администрација на Универзитетот Бокони во Милано, а во 2011 година магистрирала на Меѓународниот универзитет во Монако.
фото: Инстаграм
Диџеј Крмак
Горан Жижак или во јавноста познат како Диџеј Крмак е една од најобразованите личности на овие простори - има завршено дури три факултети: Правен, Филозофски и Православно - богословски.
фото: Инстаграм
Едита Арадиновиќ
Пејачката Едита го напуштила средното образование поради кариерата.
Таа се отпишала од средното техничко училиште за дизајн на кожа.
фото: Инстаграм