Физиотерапевти, правници, криминолози - Какво образование имаат српските познати личности?
Сара Јовановиќ
Популарната пејачка основното и дел од средното образование ги завршила во Рим, а по враќањето во Белград завршила на Трета белградска гимназија и била ученичка во италијанско-српското одделение.
Запишала и италијански јазик на Филолошкиот факултет во Белград.
фото: Инстаграм
Емина Јаховиќ
Емина сакала да стане архитект, но подоцна се одлучила за музика.
Дипломирала на Факултетот за менаџмент на БК универзитетот.
фото: Инстаграм
Неда Украден
Иако на 17 години зачекорила на музичката сцена, сепак не сакала да остане необразована и завршила два факултети: Англиски јазик и книжевност и Правен факултет во Сараево.
фото: Инстаграм
Адил Максутовиќ
Пејачот на најемотивните балади, може да се пофали и со факултетска диплома.
Адил е дипломиран криминолог, а дипломирал на Криминалистичко-полициската академија.
фото: Инстаграм
Анастасија Ражнатовиќ
Младата пејачка завршила британско и музичко училиште во Белград, а дипломирала на Факултетот за бизнис на престижен универзитет.
фото: Инстаграм
Меѓу оние кои завршиле само основно образование се Северина, фолк-пејачката Дара Бубамара и Весна Змијанац, која има курс за дактилографија.
фото: Инстаграм
С. Ш. | Црнобело