Се огласи за Петар Грашо + факти за односот на Данијела Мартиновиќ и семејството на неговата нова девојка

„Разделбата со некој што го цениш и почитуваш е несфатлива, но најлошо и најопасно е да останеш во врска заради страв или обврска“- вели хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ која минатата пролет ја раскина 24-годишната врска со Петар Грашо.

se-oglasi-za-petar-grasho-fakti-za-odnosot-na-danijela-martinovikj-i-semejstvoto-na-negovata-nova-devojka-01.jpg

Данијела Мартиновиќ (50) е хрватска поп-пејачка позната по хитовите „To malo ljubavi“, „Pleši sa mnom“, „Neka mi ne svane“, а периодов е мошне актуелна во балканските медиуми по веста дека ја раскина долгогодишната врска со музичарот Петар Грашо (45).

Петар и Данијела беа заедно од 1997-мата година, а во мај годинава, по 24 години минати заедно, тие се разделија.

Прочитајте повеќе - Заедно беа од далечната '97-ма и не застанаа пред олтар – Љубовта на Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ, кои се разделија по 24 години

Само 4 месеци по раскинувањето на врската со Данијела, медиумите почнаа да пишуваат дека Петар Грашо е во врска со 14 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, која пејачот ја знае уште од дете.

Данијела во ексклузивно интервју за магазинот Gloria ја отвори душата и проговори за раскинувањето и за нејзината врска со пејачот.

 „Не можете да го избегнете мигот што е неизбежен. Постои непишано правило дека врските се завршуваат драматично, но кога си со некоја личност што ја почитуваш и ја цениш, тогаш разделбата е уште понесфатлива“ – вели таа, пренесува vecernji.hr.

Таа додава дека се случува некогаш нештата што на некои личности им биле важни, со текот на годините да им станат неважни, па да се свртат кон нештата што повеќе ги радуваат.

„Кога тоа ќе се случи во врската најчесно и најискрено е секој да продолжи да се развива во сопствена насока и во сопствен ритам.

Ако одлуката се донесе во вистинскиот миг, обостраната почит и благодарност остануваат. Мислам дека е најлошо и најопасно да останеш во врска заради страв или обврска“ – вели таа.

Данијела ова лето го прослави својот 50-ти роденден, а додека во хрватските медиуми се појавуваат вести за Петар и неговата нова девојка Хана, за Дaнијела се пишуваше дека е во наводна врска со некој маж од Австрија.

„Навистина? Блазе си ми! Не знаев, баш убаво што ми кажавте“ – одговори таа на ова прашање.

По веста за врската помеѓу Петар и Хана, се поставува прашањето - во какви односи се Данијела и семејството Хуљиќ?

Данијела Мартиновиќ речиси целата своја кариера била мошне блиска со семејството Хуљиќ. По нејзиното појавување на хрватската музичка сцена во 80-тите години, Тончи ѝ понудил да пее со групата Magazin по заминувањето на Лилјана Николовска.

Во периодот од 1991-та до 1996-та година Данијела била дел од групата Magazin и заедно снимиле три албуми.

 se-oglasi-za-petar-grasho-fakti-za-odnosot-na-danijela-martinovikj-i-semejstvoto-na-negovata-nova-devojka-02.jpg

Новата девојка на Петар, Хана, се појавува во еден од видео-спотовите на групата Magazin во периодот кога пеела Данијела. Хана во тој период била мало девојче.

Во 1995-та година Данијела стапила во брак со пејачот Марко Перковиќ Томпсон, но по три години се развеле.

Во 1997-ма година кога стапила во врска со Грашо, тие двајца долго време ја криеле врската од јавноста, а никогаш во долгите години додека биле заедно, тие двајцата не стапиле во брак.

Данијела и Петар се запознале преку Тончи Хуљиќ, кој во тоа време го повикал младиот Петар да свири во Magazin на неговото место.

Данијела и Грашо долги години живееле заедно во поткровје во Загреб, а низ годините семејството Хуљиќ често биле нивни гости. Денес Данијела живее сама во станот.  

Дел од балканските медиуми, повикувајќи се на изјави од соседи и блиски, шпекулираат дека врската помеѓу Петар и Хана траела многу подолго.

Сега по завршувањето на 24-годишната врска Данијела вели дека е подготвена за нов почеток на 50 години и да сврти нов лист.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg