Милош Биковиќ, кој денес тежи милиони, открива: „Кога бев дете постојано се селевме со мајка ми, немавме пари за кирија“
- Детали
- понеделник, 23 август 2021
Денес неговото богатство се проценува помеѓу 1 и 3 милиони долари, а додека растел со мајка му постојано морале да се селат, затоа што живееле под кирија, а имале минимални финансиски примања. Како изгледало детството на Милош Биковиќ?
Милош Биковиќ (33) е српскиот актер по кого лудуваат девојките од поранешните југословенски простори, но ги краде воздишките и на руската публика.
Во последните неколку години живее на релација Белград-Москва, а со неговите следбеници на Инстаграм често споделува фотографии за неговите патувања и работни ангажмани.
Милош ретко говори за приватниот живот, а кога станува збор за љубовните врски, тој ретко излегува во јавност со директни потврдувања за врските, па најчесто тоа се сведува на шпекулации.
Сепак, во едно неодамнешно интервју за рускиот магазин Hello, Биковиќ иако генерално говореше за неговата професија и за тоа што го работи, сепак накратко проговори и за сопственото детство и за начинот на којшто израснал.
Денес, ако пребарате колку „тежи“ овој актер, можете да добиете информација помеѓу 1 и 3 или 5 милиони американски долари, но како што кажува и самиот, не било отсекогаш така – напротив тој имал мошне тешко детство.
Запрашан за тоа каде живеел, односно во кој дел од Белград како дете, Милош во интервју за руски Hello открива:
„Нема еден дел каде што пораснав. Кога бев дете, мојата мајка и јас често се селевме, шест или седум пати. Живеевме во различни делови на градот, во главно на периферијата затоа што таму изнајмените станови беа поевтини.
Понекогаш мајка ми успеваше да најде нешто поблиску до работното место, таа работеше во училиште, но кога киријата ќе поскапеше, моравме да бараме нешто поевтино. Кога имав 15 години се вселивме во стан што го добивме од државата.
Но, добро се сеќавам на куќата на дедо ми во североисточна Србија. Таму сега живее вујко ми. Имавме малини, боровинки, круши... Тоа се мирисите што ме враќаат во детството. Во сеќавање ми е мирисот на боровата шума.“
За тоа колкава е скромноста на неговата мајка и за начинот како таа сè уште со неверување ја прифаќа славата на нејзиниот син говори и една објава на Инстаграм на Биковиќ од јануари минатата година, каде вели дека мајка му не можела да поверува дека 7,5 милиони луѓе платиле 2 милиони рубљи за да го гледаат неговиот филм „Слуга“.
Таткото на Милош починал во 2006-тата година, кога тој имал само 18 години. За неговиот постар брат Александар се знае дека се замонашил пред 11 години, а за неговиот однос со мајка му, актерот говорел и во минатото, кога посочил дека таа му била огромна поддршка во животот.
Според пишувањата на некои од српските медиуми, неговата мајка не сака скапи подароци од нејзиниот син, па така во една пригода била пресреќна кога тој ѝ подарил крзнена капа од Москва.
Но, од својот прв поголем хонорар Милош решил да ѝ се оддолжи на мајка му за сè што направила за него па ѝ подарил стан.
Уште еден интересен детаљ што тој го открива во интервјуто е дека неговото прво патување во Русија било токму со неговиот повозрасен брат Александар.
„Учев руски јазик во училиште и ова знаење ми даде основа, но невозможно е да научите добро еден јазик доколку не престојувате во околината каде тој се говори. Првпат ја посетив Русија во 2010-тата година, а тоа беше едно религиозно патување до манастирите.
Со постариот брат се возев од Украина низ северот на Русија до Валама во Карелија. Разбирав за што говореа луѓето со кои бев во контакт, но мојот руски беше мошне лош.
Вториот пат во Русија дојдов на проба за филм. Ми беше страв да отворам уста. Но, со текот на времето го усовршив јазикот и сега го говорам како што го говорам српскиот јазик. Можеби сè уште се слуша акцент, но работам на тоа“ – вели Милош.
Инаку, Милош редовно споделува фотографии на својот Инстаграм профил, а до нив секогаш има опис на руски и на српски јазик.
Погледнете дел од неговите фотографии:
Б. С. Б. | ЦрнобелоБи можело да ве интересира: