„На моето НЕ, тој ме однесе некаде среде ноќ и ме мачеше“ – Српска актерка го обвини за силување својот колега Бранислав Лечиќ

Деновиве српската јавност повторно е разбранувана од уште едно сведоштво за силување од угледна личност во домашната филмската индустрија, а актерката Даниела Штајнфелд во интервју се потсетува на грозоморниот чин, објаснува кога одлучила да го разоткрие колегата Бранислав Лечиќ и како тој се однесувал со неа 4 години по случката. 

na-moeto-ne-toj-me-odnese-nekade-srede-nokj-i-me-macheshe-srpska-akterka-go-obvini-za-siluvanje-svojot-kolega-branislav-lechikj-01.jpg

По грозоморното искуство и сведоштво на Милена Радуловиќ и нејзините колешки, кои го обвинија својот учител по глума Мика Алексиќ за сексуално малтретирање, во светот на филмската индустрија во Србија овојпат обвинет за силување е угледниот актер и политичар Бранислав Лечиќ.

Станува збор за 37-годишната актерка Даниела Штајнфелд, која уште минатата година откри дека била силувана од моќен човек кога имала 21 година, а за тоа направи и документарен филм „Zaceli me“, но во тој период не го откриваше неговиот идентитет.

По страшното искуство за кое таа раскажува дека го доживеала, заминала во Америка, каде две години се лечела од посттрауматско стресно нарушување.

За српските медиуми таа тогаш изјавила дека не го пријавила веднаш случајот, бидејќи кога им се доверила на блиски луѓе, била делумно нападната дека можеби сама била виновна и го предизвикала тоа, па нејзиното искуство прво го пренела во филм, по што веднаш се покренала постапка.

Даниела минатата недела пристигна во Белград од Америка, каде што живее, за да даде изјава во обвинителството и одлучи да го дополни претходниот исказ, со тоа што наведе дека наводно Бранислав Лечиќ е тој што ја злоставувал.

Откако неговото име јавно се поврза со силување, Бранислав даде изјава дека е рано да се зборува, дека темата е чувствителна и дека тоа се гнасни лаги што му ја уништуваат репутацијата, но дека е подготвен да даде официјален исказ за да се реши случајот. Тој вели дека не направил никакво кривично дело и ги демантира обвинувањата од страна на Даниела.

Според српските медиуми, кога таа првпат ја изнела вистината во јавност, пред да го открие идентитетот на силувачот, добила поддршка токму од Бранислав, кој ѝ пружил поддршка со зборовите дека правдата мора да биде докажана и дека треба да се покрене судска постапка.

Во обвинителството последно е приложен доказ од страна на жртвата, односно аудио-снимка, на која Даниела разговара со Бранислав неколку години по случката, каде тој не го негира чинот, но не разбира зошто таа го гледа тоа како нешто лошо и како непочитување. 

Откако се врати од Америка, во интервју за српскиот Инсајдер, Даниела го раскажува своето искуство, одговара на прашања кои ја интересираат јавноста, кажува зошто и кога одлучила да го открие неговиот идентитет.

Дел од нејзините одговори:  

„Мене ме силуваше мојот колега и драг пријател Бранислав Лечиќ. На 7-ми мај 2012 година. Бевме заедно на претстава, работевме активно заедно, се дружевме, а во еден момент, предложи да се видиме да ми даде некој потпис, не беше првпат да седнам со него во автомобил, работевме заедно, не беше ништо невообичаено, но таа ноќ, тој на моето молење и плачење, на моето НЕ, тој ме одведе некаде каде што не знаев каде е, надвор од Белград, среде ноќ, таму ме мачеше и силуваше. Кажував непрекинато НЕ додека можев. Беше мачење, психолошко, емотивно, физичко и сексуално. Не можев да зборувам ниту да стојам. Во еден момент клоцав. Страшно.

Потоа ме врати дома и по 4 дена игравме претстава, јас бев во шок, сакав веднаш да пријавам, но не знаев како тоа медиумите ќе го пренесат. Мора да ме сфатите дека таа состојба кога некој на кого толку му верувате... кога јас плачев и молев да ме врати дома... не знаев што ќе ми се случи. Никогаш не можев да помислам дека може да ми се случи силување од тој човек.“ – ја започнува таа нејзината исповед.

na-moeto-ne-toj-me-odnese-nekade-srede-nokj-i-me-macheshe-srpska-akterka-go-obvini-za-siluvanje-svojot-kolega-branislav-lechikj-02.jpgфото: принтскрин YouTube

На прашањето како одлучила да го открие неговиот идентитет, таа одговара:

„Кога се појави случајот со жртви на Мика Алексиќ, Бранислав сакаше да биде активист против сексуално злосторство и во моментот кога тој ги викна поранешните ученици на Мика да влезат во неговото школо за глума, ја прели чашата, веќе не беше важно што ќе се случи со мене, туку се работеше за мојата општествена одговорност овие деца да сфатат кој ги викнал во неговата школа.“

Во врска со аудио-снимката приложена како доказ, таа одговара:

„4 години по тоа случување, го снимав разговорот со него во кој тој очигледно потврдува што се случи и на гнасен начин објаснува од каде му е правото да постапува така со мене. Сакам да ја освестам јавноста која е логиката и размислување на нашите силувачи, кои не се монструми и непознати, туку се наши блиски луѓе. Се видов со него затоа што сакав да се соочам со него на начин на кој јас можам, а тоа беше дел од моето исцелување.

Ризикуваме да бидеме осудени дека сакаме внимание, сум го преживеала тоа. Јас се лечев од посттрауматско стресно нарушување. Во тоа време не можев да функционирам нормално и да се чувствувам сигурно во затворен простор, на аудиција или каде било. Кога нешто ќе ме потсетеше на него добивав панични напади. Ми беше дијагностицирана траумата, бидејќи кога сте злоставувани, нема шанси да немате последични трауми, а тоа беше докажано на мене“ - завршува Даниела.

Погледнете го целосното интервју: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg