Кристина Ковач за перименопаузата: „Никогаш во животот не сум 'пропаднала' побрзо отколку во последниве два месеци“
- Детали
- петок, 11 април 2025
„Ми се наруши сонот и откако почна да ми се случува тоа, ми се појавија кафени подочници и изгледам како да сум умрена вчера“, вели искрено Кристина Ковач во исповедта за првите симптоми на перименопаузата.
Кристина Ковач (50), српска пејачка, композиторка и текстописец, отворено на Инстаграм проговори дека ја мачи перименопаузата.
Перименопауза е природна фаза во животот на жената која претходи на менопаузата, односно, периодот кога телото почнува постепено да ја намалува продукцијата на женските хормони естроген и прогестерон.
Перименопаузата може да започне неколку години пред менопаузата (најчесто по 40-тата година, но понекогаш и порано) и трае во просек 4–8 години.
Објавата на Кристина Ковач:
„Тема: Перименопауза.
Кого не го интересира, нека прескокне.
Никогаш во животот не сум 'пропаднала' побрзо отколку во последниве два месеци.
Немам многу симптоми на приближувачка менопауза, но оној што го имам веќе неколку месеци е раноутрински налет на, претпоставувам, кортизол - бидејќи ме буди брзо и силно чукање на срцето кога ќе се превртам во креветот.
Нема анксиозност, ни чувство на тензија, само силен, брз пулс, и тоа точно се чувствува како налет на кортизол, кој инаку треба да нè разбуди, но кога естрогенот и прогестеронот паѓаат (како во периодот на перименопаузата), тој налет станува посилен.
Така, мојот сон, кој секогаш бил добар и стабилен, сега се прекинува малку порано отколку што е нормално за мене.
И откако почна да ми се случува тоа, ми се појавија кафени подочници и изгледам како да сум умрена вчера.
И постојано се прашувам - Дали е можно само од таков мал нарушен сон да изгледам толку лошо, да не е нешто друго?
Но, докторот тука вели дека тоа е сосема логично. Се надевам дека е во право.
Дали некоја од вас го имала истото? Сакам да знам дали и на некоја друга жена баш вака ѝ се совпаднало.
Ме чека сè и сешто, а ова, една од првите појави и воопшто не ми е добредојдена (ха-ха).
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





